Еден од пионерите во литературата за самоусовршување и постигнување на личен успех, американскиот правник, новинар, предавач и писател Наполеон Хил станал познат по неговата книга „Мисли и збогати се“.
Книгата се темели на тврдењето дека секоја индивидуа која има желба, верба и истрајност, може да стигне до зацртаната цел без разлика колку недостижно и да изгледа. Ако можеме да научиме да мислиме како милијардер, тогаш може и да почнеме да се однесуваме така, и на крајот да станеме еден од нив.
Нарекувајќи ја „најдобрата формула за успехот“, оваа книга е досега продадена во повеќе од 70 милиони примероци. Следејќи ги овие правила и совети, успехот во бизнисот но и во секоја друга сфера од животот станува извесен. Не го оставајте успехот за утре, прочитајте уште денес!
1. „Желбата може да се претвори во злато.“
2. „Ако продолжите да се фокусирате на сиромаштијата, ќе го прилагодите својот ум за да ја прифатите како нешто неизбежно и на крајот ќе мислите дека сте губитници.“
3. „Најголемиот проблем за човештвото е што секој го знае зборот ‘невозможно’. Успехот доаѓа до оној што мисли во категориите на успех. Поразот го следи оној кој си дозволува да размислува во категориите на пораз.“
4. „Колку подолго пешачите кон успехот толку ќе бидете поблиску до него. Премногу луѓе се откажуваат од чекор пред победата. Запомнете: овој чекор ќе го направи некој друг.“
5. „Треба да го натерате вашиот ум да работи и да сфатите дека правењето пари не треба да се остави на среќа или случајност. Луѓето кои имаат стекнато големо богатство долго време се надевале, сакале, посакувале и граделе пред да почнат да им течат реки со пари.“
6. „Никогаш нема да станете богати ако не ја носите вашата страст за пари до точка на вриење ако не верувате во богатство како во себе.“
7. „Многу важна работа: ‘За да добиете нешто треба да дадете.’ Кога милионерите го сфатија ова, пиратскиот бизнис се претвори во претприемништво, а работат за општеството и со општеството.“
8. „Постои човечка слабост против која нема откриен лек: отсуство на амбиција!“
9. „Знаењето го отвора патот за богатството онолку колку што знаете кој пат да го одберете.“
10. „Ако спаѓате во оние веруваат дека напорна работа и интегритетот ќе бидат наградени по самите заслуги, отфрлете ја оваа мисла! Ова не е точно! Екстремното богатство никогаш не е резултат само на напорна работа.“
11. „Богатството е задоволство кое влегува во џебовите на оние кои се спремни за него.“
12. „Брзото донесување одлуки е навика.“
13. „Вечната вистина е дека повеќе се плаќа за способноста да се натераат другите луѓе да работат.“
14. „Водете дневник на ентузијазам и ефектите од неговото влијание.“
15. „Една од опасностите од ентузијазмот е тоа што може да ве поттикне да го монополизирате разговорот. Ако постојано зборувате само за себе, луѓето ќе престанат да ве слушаат и ќе ги игнорираат сите важни работи што треба да им ги кажете.“
16. „Секој кој се жали дека нема шанси едноставно гради алиби за да ја скрие својата неподготвеност да ја преземе одговорноста и да ја искористи својата имагинација.“
17. „Прашање за самоанализа: Ако јас си бев клиент на себеси во изминатата година, дали би бил задоволен од работата?“
18. „Вистинската вредност на вашиот ум може да се одреди од висината на приходот што ќе го добиете од продажбата на вашите услуги. Парите немаат повисока вредност од умот. Често нивната вредност е пониска.“
19. „Добрата положба на капиталистите е последица на фактот дека цивилизацијата не може да постои без услугите што ги нудат.“
20. „Кога размислувате на вашиот удел од светското богатство, не дозволувајте некој да се потсмева на вашите соништата.“
21. „Не може да има компромис меѓу сиромаштијата и богатството.“
22. „Постојат два вида на луѓе во светот: првиот тип се водичи, вториот е следбеници и поддржувачи, разликата во нивната плата е огромна, а следбеникот не може да очекува награда како на водичот, иако тој често ја прави оваа грешка.“
23. „Не дозволувајте да ви го губат времето луѓе кои немаат работа со вас.“
24. „Не плаќајте долгови со она што сте го издвоиле за заштеди и инвестиции, никогаш не се откажувајте од добрите навики.“
25. „Кажете ми како го користите вашето време и како ги трошите парите и ќе ви кажам каде ќе бидете за десет години.“