Кога повеќето идни невести сонуваат за денот на својата свадба, тие вообичаено фантазираат за нивниот прекрасен бел фустан. Но, Софија Кача од Мелбурн не го сакала тоа. Дваесет и петгодишната невеста решила да ја прекине традицијата и на олтарот да му пристапи во црна венчаница. Покрај невообичаената венчаница, црно носеле и нејзините деверици, кои носеле  букети со само зелени листови, без цвеќиња. Букетот на невестата бил сличен, но со  розови и виолетови цветови. Блогерката и мајка, која го води блогот „Млада мама“, вели дека одбрала да носи црн венчален фустан бидејќи тоа го одразува нејзиниот стил.

„И така секогаш носам црно, мислам дека ми стои и тоа е толку смела и упадлива боја“, вели таа. Нејзиниот сопруг исто така не се грижел многу за традицијата, носејќи црвено вечерно палто, кошула на цветови и кожни панталони.

„Не сакам ништо традиционално“, вели Софија. „Секој си има своја свадба, зошто мора сите да носат исто? Нема некаков правилник за тоа. Не го сторив ова поради внимание, или да се прославам како девојката која носеше црно на нејзината свадба. Едноставно сакав да носам фустан за кој јас мислам дека прекрасен.“

sv01 sv02 sv03 sv04 sv05 sv06 sv07 sv08 sv09

Сподели на Facebook
пати видено