Празноверијата се дел од човечката природа. Луѓето отсекогаш верувале дека со некои свои постапки можат да влијаат врз случувањата околу него, или пак дека постојат некои натприродни сили кои можат да влијаат врз неговиот живот и животот на неговите блиски. Запознајте се со разни суеверија од целиот свет и обидете се да најдете некои сличности со верувањата раширени во нашите краишта.
Во Аргентина…
Ако во Аргентина гласно се изговори името на бившиот претседател Карлос Менем, тоа ќе му донесе проклетство и за да го спречи тоа треба да се допре по левиот тестис ако е маж, или по левата дојка ако е жена.
Во Бразил…
Се смета за лоша среќа ако ви падне паричникот или чантата на подот, бидејќи тоа значи дека ќе загубите пари.
Во Кина…
Бројот 4 и сите негови повторувања (14, 24, 34…) се сметаат за крајно несреќни, бидејќи изговорот на овие бројки е речиси ист со изговорот на кинескиот збор за „смрт“
Во Данска…
Скршените садови се собираат и чуваат преку целата година за на Нова година да се фрлат во домовите на пријателите и роднините, бидејќи се смета дека тоа ќе им донесе среќа и пари во новата година.
Во Египет…
Се смета дека ќе ве снајде најголема несреќа доколку отворите и затворите ножици без ништо да исечете.
Во Франција…
Се смета за добра среќа ако згазнете врз кучешки измет со левото стапало, но за лоша ако згазнете со десното.
Во Грција…
Ако двајца соговорници истовремено изговорат ист збор, мораат да кажат „пиасе кокино“ (допри црвено) и да допрат нешто црвено за да избегнат кавга.
На Хаити…
Ако некој чекори само со една обувка, го брише подот ноќе, се влече на колена или изеде врв од лубеница, тоа може да ѝ донесе смрт на неговата мајка.
Во Индија…
Во Индија ноктите не се сечат нокти во вторник и сабота (или воопшто ноќе) ниту смее да се мие косата во четврток и сабота.
Во Јапонија…
За време на бури на децата им се вели да ги кријат нивните стомаци, особено пред спиење бидејќи се верува дека Раиџин (богот на громот) ќе им го украде и изеде папокот.
Во Кореја…
Особено во Јужна Кореја се верува дека ако пуштите вентилатор во затворена просторија додека спиете, тоа ќе ве убие. Верувањето е толку раширено, што повеќето клима уреди се продаваат со вградени тајмери.
Во Литванија…
Свиркањето в куќи е забрането бидејќи се верува дека ги повикува ѓаволите.
Во Малезија…
Ако седнете на перница вашиот задник и грбот ќе бидат прекриени од плускавци и рани.
Во Нигерија…
Ако маж биде удрен со метла, ќе остане импотентен и ќе му исчезнат гениталиите.
Во Оман…
Пред да се чисти автомобилот, една недела се пушта гласно аудио книга со читање на Куранот, што се смета дека ќе го штити и возачот и автомобилот од несреќи.
На Филипините…
Се смета дека кога истовремено грее сонце и врне дожд, тоа значи дека се случува свадби кај тикбаланзите (демонски коњи).
На Катар…
На Катар суеверијата се строго забранети. Но некогаш се верувало дека пајаците имаат моќ да предизвикуваат и спречуваат пожар во куќата, и затоа не се убивале.
Во Руанда…
Жените не јадат козјо месо, бидејќи од тоа ќе им порасне брада.
Во Шведска…
Ако во Шведска видите како пешаците прават кружни и невообичаени движења, за тоа има интересно објаснување. Шахтите во Шведска се бележат со К (за шведскиот збор за свежа вода, и случајното совпаѓање со зборот за љубов) и со А (за одводнување, кое се совпаѓа со зборот за скршено срце). Некои жители веруваат дека нивниот љубовен живот и среќа зависат од тоа крај колку К или А ќе поминат во текот на денот.
Во Турција…
Не е убаво да се џвака гума за џвакање навечер, бидејќи во Турција се верува дека навечер таа се претвора во месо од мртви луѓе.
Во САД…
Особено во државата Вермонт во 19. век се граделе куќи со накосени „вештерски“ прозорци, бидејќи се верувало дека вештерките не можат да долетаат низ нив.
Во Виетнам…
Студентите за време на испитите избегнуваат разни видови на храна. На пример бананите се избегнуваат бидејќи нивната кора е лизгава и се поврзува со паѓањето.
Во Велс…
Ако направите венец од бадемови гранчиња и лисја ќе ви се оствари една желба.
Во Јемен…
Бремената жена може да го определи полот на нејзиното неродено бебе со фрлање на мртва змија во воздух. Ако змијата падне на грб, ќе биде девојче, а ако падне на стомак ќе биде момче.
Во Зимбабве…
Верувањето во црна магија е многу раширено. На пример, мажите фрлаат клетви врз нивните жени за да не ги изневеруват, а ако тоа сепак го сторат, клетвата прави таа и нејзиниот љубовник да се „врзат“ и никогаш повеќе да не можат да ги раздвојат.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.