Учесничка на натпреварот за убавина во Вирџинија Камил Шриер покажа прилично невообичаен талент за вакви видови на натпревари.
Додека вообичаените „таленти“ на овие манифестации честопати вклучуваат пеење или извлекување на зајак од шапката, Камил излезе во лабораториски капут и очила и ги воодушеви судиите со демонстрација на каталитичко распаѓање на хидроген пероксид.
По внимателно мешање на растворот на хемикалии во епрувети, експериментот на Шриер завршисо експлозија на сина и портокалова пена, која е позната како реакција на „Слонова паста за заби“.
„Јас сум повеќе од Мис Вирџинија. Јас сум Мис Биохемичар, Мис системски биолог, Мис Идна PharmD која гледа кон кариера во фармацевтската индустрија.“, изјавила Камил. Таа вели дека се пријавилан на натпреварот затоа што сега има повеќе инклузивност и не се гледа само убавината и на овој начин со помош на стипендии ќе може да направи промени во светот.
Камил која сега ќе ја претставува Вирџинија во конкуренција на национално ниво, ќе биде силен кандидат за првата „Мис Америка 2.0“. Таа има двојна диплома од Вирџинија Тех по биохемија и системска биологија и моментално студира за да стане Доктор за фармацевтски студии на Вирџинија Комонвелт.
Watch #VCUPharmacy student Camille Schrier wow the judges for Miss Virginia with her talent performance — the catalytic decomposition of hydrogen peroxide!
PS: she won. Next pageant: #MissAmerica #FuturePharmacist pic.twitter.com/MzqgZBUygl
— VCU School of Pharmacy (@VCUPharmacy) June 26, 2019
Таа одлучи да го направи научниот експеримент како нејзин талент, бидејќи сака да ги возбуди другите да се заинтеренсираат за науката, технологијата, инженерството и математиката.