Ерин Лангмаид се „шокирала“ кога ја донела на свет својата ќерка Исла на подот на тоалетот и покрај тоа што не покажувала знаци на бременост.
23-годишната манекенка со полно работно време користела контрацептивни инјекции сѐ до денот кога се породила. Таа не покажала никакви знаци на бременост, без гадење или клоцање на бебето, освен болката која ја почувствувала на денот кога се родила Исла.
Мајката од Мелбурн, Австралија вели дека можела да влезе во нејзината облека сѐ до последниот ден од бременоста. Таа отишла во тоалетот затоа што не ѝ било добро и после 10 минути ја држела Исла во рацете која тежела 3,6 килограми. Нејзиниот партнер ја слушнал вревата во тоалетот и двајцата не можеле да се повратат од шокот. Бидејќи бебето почнувало да помодрува во лицето веднаш повикале брза помош и му го спасиле животот.
Исла е родена во 37-мата недела од бременоста и Ерин доживеала нешто што се нарекува криптична бременост, односно кога мајката не дознава дека е бремена до доцната бременост. Една од 500 жени не знаат дека се бремени до 20 седмици. Во еден од 2.500 случаи, жените не знаат дека се бремени сè додека не започнат со породување.
Младата мајка вели дека иако не ја очекувале Исла тие не би ја промениле ситуацијата за ништо на светот и таа и нејзиниот партнер се спремни да ѝ пружат сѐ.