1.
Детенце се жали во градинка дека Дедо Мраз бил голема идиот. Децата го прашуваат зошто. Детето одговара:
– Како зошто?! Наместо да ми донесе подарок ми оставил една кутија бонбони кои моите родители ја криеа во плакарот…
2.
Оди Дедо Мраз на психијатар и вели:
– Докторе помогнете! Не верувам во себе.
3.
Синот на мафијашки бос пишува писмо до Дедо Мраз:
– Мили Дедо Мраз, ако ти е мил животот…
4.
Четиригодишниот син на програмер го прашува татка си:
– Тато, Татооо, како Дедо Мраз носи толку многу подароци???
Таткото одговара:
– Со Win Zip сине, со Win zip!
5.
Зоки Поки ја прашува мајка си:
– Мамо, кој ми е татко?
– Дедо Мраз.
– Како така?
– Па така. Дојде една ноќ, даде подарок и никогаш повеќе не го видов.
6.
Двајца пијани зборуваат:
– Зошто му ја повлече брадата на Дедо Мраз?
– Сакав да проверам дали е реален…
– И?
– Вистинска била и сега немам идеја што да правам со неа?!
7.
Малиот Зоки Поки му вели на татко си:
– Сакам да го избришам возот од писмото до Дедо Мраз и да напишам точак!
– Веќе не ли сакаш воз?
– Сакам, но најдов еден во твојот шкаф.
8.
Детството завршува тогаш кога сакаш да ти ја исполни желба не Дедо Мраз туку Снежана.
9.
Дедо Мраз во градинката прашува:
– Деца, знаете ли што ви носам?
Децата (во хор):
– Кредити!
10.
Зоки Поки пишува писмо:
„Драг Дедо Мраз, единствено што сакам е твоја листа на сите лоши девојчиња.“
11.
Две русокоси зборуваат:
– Знаеш, Снежана уште оди со Дедо Мраз.
– А Дедо Мраз со кого ли оди?
– Како со кого, па со Мери.
– Која Мери?
– Абе Мери Кристмас!
12.
„Дедо Мраз е непредвидлив.“
Потпис: Дедо Мраз.
13.
Прашање: Зошто Дедо Мраз нема деца?
Одговор: Бидејќи топките му се на елката.
14.
Како се вика човек кој мрази старци?
Дедо Мраз.
15.
Во животот на мажот има три периоди:
1. Тој верува во Дедо Мраз.
2. Тој не верува во Дедо Мраз.
3. Тој е Дедо Мраз.
16.
„На Божиќ се случуваат чуда!“ – Рекол Дедо Мраз, надевајќи се на тринаесетта плата…
17.
Прифаќаме нарачки за Нова година.
Ценовник:
Снежана и Дедо Мраз – 50 евра.
Снежана без Дедо Мраз – 200 евра.
18.
На вратата некој ѕвони. На прагот – Дедо Мраз. Малото момченце ита радосно кон него:
– Здраво, Дедо Мраз! Ми донесе ли…
– Полека, момче! Имаш ли отворач за шишиња?
19.
Во градинка, таткото кон своето синче:
– Ти веќе си голем, треба да знаеш дека Дедо Мраз не постои, тоа бев јас …
– Знам, знам. Ти си и Штркот…
20.
Во пресрет на Нова Година маж се ниша по улица, носејќи една елка. Една постара дама го гледа и со изненадување вели:
– Како не ви е срам за Нова Година да се испијаните, а да не си седите дома со своето семејство?
– И јас сакам да си одам, но не знам како да се извлечам од оваа шума?
21.
Си зборуваат децата на мафијаши:
– Кај мене вчера дојде Дедо Мраз.
– Да, бе, тој не е вистински.
– Вистински е, проверив.
– Како?
– Го прашав – колку чини Снежана за една ноќ, а тој вели – 50 евра. Веднаш е јасно дека е од шумата – не ги знае цените.
22.
Аеродромот Александар Велики, Скопје ви посакува Среќна Нова Година и Среќна Нова Татковина!