Најголемото семејство на Велика Британија расте бидејќи Сју Радфорд откри дека е бремена со своето 22-то дете. Г-ѓа Радфорд (44) и нејзиниот сопруг Ноел (48) во неделата објавија клип на Јутуб на кој го прикажуваат нејзиниот последен ултразвук.
Таа во 2018 година по раѓањето на нејзиното последно дете изјавила дека нема повторно да стане мајка, но очигледно се предомислила.
Во видеото, г-ѓа Радфорд рече: „Значи, сега знаете дечки, ќе имаме бебе. Само што доаѓаме до 15-тата недела од бременоста и наскоро ќе можеме да го откриеме полот на бебето.“ Таа исто така кажала дека се очекува да се породи во април и дека повеќе се надева дека ќе е машко за да може да има 11 машки и 11 женски деца.
Семејството, кое зема само 200 евра бенефиции за децата неделно, треба да се потпра на пекарницата на г-дин Радфорд, за да ги задоволат крајните потреби и да платат за нивната 10-собна куќа.
Г-дин Радфорд направил вазектомија кога парот го очекувал нивното деветто бебе, но решил да го откаже процесот затоа што сакале уште деца.
Најново дете е Бони Реј, која е родена во ноември, а другите се Крис, 30, Софи, 25, Клои, 23, Џек, 22, Даниел, 20, Лук, 18, Мили, 17, Кети, 16, Ејмс, 15, Ели, 14, Аиме, 13, Џош, 12, Макс, 11, Тили, 9, Оскар, 7, Каспер, 6, Хали, 3, Фиби, 2, и Арчи 18 месеци. Сите тие, освен Крис и Софи, сè уште живеат со своите родители, при што Софи сега има свои три деца.
Семејството троши околу 400 евра на храна неделно и секоја вечер поминуваат 3 часа во средување на куќата. Не можат да поминат под 200 евра ако сакаат да излезат на вечера или под 100 евра ако сакаат да гледаат филм во кино.