Авганистanец, барател на азил се најде на обвинителската клупа поради тоа што сексуално злоставувал четиригодишно момче од Ирак, во центар за мигранти во Германија. Судот слушнал дека 22-годишникот бил фатен во тоалетот од самиот татко на детето, кој преку вратата ги видел чевлите на детето заедно со чевли на возрасен човек.

av01

Кога ја отворил вратата, панталоните на малечкиот биле спуштени, но напаѓачот кажал дека само му помагал на детето да изврши нужда – и таткото отпрвин поверувал. Дури подоцна детето ѝ кажало на неговата сомничава мајка дека напаѓачот го натерал да му прави орален секс. Заедно со напаѓачот е обвинет и неговиот 29-годишен соучесник, кој „чувал стража.“

av02

Според иследниците, анализата спроведена од експерти покажала траги од ДНК на момчето врз интимните органи на напаѓачот, така што нема никаков сомнеж за стореното злодело. Инцидентот се случил во градот Боштет, во северната германска држава Шлезвиг-Холштајн и е само еден од серијата полови напади врз деца кои ја шокираа германската јавност.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено