Жена од Словенија и нејзин роднина биле приведени поради нејзино намерно отсекување на својата рака со моторна пила за да земе 460.000 евра од осигурителната компанија, според тамошната полиција.
21-годишната Словенка и нејзиниот 29-годишен роднина се соочуваат со 8 години затворска казна под обвинение за сторено кривично дело- обид за измама.
“Заедно со еден од нејзините соучесници, таа намерно си ја ампутирала раката до зглобот, надевајќи се дека ќе и поверуваат дека сето тоа се случило поради несреќа”- изјавил потпаролот на полицијата, Валтер Зрински на прес-конференција. Се верува дека жената ја исценирала несреќата заедно со уште тројца нејзини роднини, претходно оваа година, кратко време по потпишувањето на договорот за осигурување.
Сите четворица биле уапсени, но двајца од нејзините роднини се пуштени на слобода, а намерно при пријавувањето во болницата, дошле без отсечената рака, на тој начин надевајќи се дека ќе добијат 380.000 евра компензација и доживотна месечна исплата во висина од 3.000 евра, бидејќи компензацијата за трајна инвалидност е поголема.
Но, властите успеале да ја пронајдат отсечената рака, а во болница во Љубљана повторно и била зашиена. Просечниот месечен нето приход во Словенија изнесува околу 1.000 евра.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!