Ние сме само неколку дена во новата година и веќе успеа да се појави нова лудост која луѓето без проблем ја прифатија.
Во 2019 луѓето шетаат наоколу со превез на очите и вршат секојдневни работи, со цел да направат „смешни видеа“ и да добијат некој „лајк“ плус.
Познат како „Bird Box“ предизвик, тој е инспириран од неодамнешниот трилер на Netflix, Bird Box во кој глуми Сандра Булок. Нејзиниот лик и две деца се принудени да тргнат на опасно патување со врзани очи, со цел да избегнат некакво паранормално суштество кое ги тера луѓето да извршат самоубиство ако го видат.
Филмот стана многу популарен, но од безопасни мемиња се појавија предизвици во кои луѓето шетаат на отворено со превез на очите и можат да се доведат во опасност себе и другите.
Дури и од Netflix објавиле на Твитер предупредување луѓето да не го прават предизвикот. Стриминг канал ја чувствува потребата да ги потсети луѓето да не се стават во болница поради мемиња. Добредојдовте во 2019 година.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!