Земјоделец од Ирска од мочуриште извадил големо парче од 9 килограми путер. Џек Конвеј го нашол путерот во јуни во мочуриштето Емлаг во областа Мит, додека вадел тресет. Позната како „путерот од мочуриштето“, млечниот производ во вид на рагби топка е во неверојатно добра состојба, со оглед на тоа што повеќе од 2000 години бил закопан на дното на мочуриште.
Во античка и средновековна Ирска путерот се сметал за еден вид луксуз, а го складирале во мочуриштата, благодарение на нивните ниски температури и ниво на кислород. Во овој случај путерот не бил закопан во некаков сад, што посочува кон тоа дека можеби бил принесен како некаков вид дар на боговите. Според Енди Халпин од Националниот музеј на Ирска, путерот дури сѐ уште би можел да се јаде.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.