Тоа се меѓу најпрепознатливите знаменитости во светот, а некои можат да се видат и од вселената. Но, овие иконски места ќе можат да се видат во сосема ново светло, кога ќе бидат претворени во сини во чест на одбележувањето на 70-годишнината од формирањето на Обединетите Нации.
Биле трансформирани згради како Сиднејската опера и рускиот Ермитаж, древниот град Петра во Јордан, Хумајуновата гробница во Њу Делхи, статуата на Исус Христос Искупителот во Рио де Жанеиро, како и природни знаменитости како Улуру. Њујорчаните први имале можност да видат ја видат прославата „Претвори го светот во ОН сино“,кога главниот штаб на организацијата бил осветлен во сино. Генералниот секретар Бан Ки Мун изразил надеж дека „со осветлувањето на светот во сино за еден ден, можеме да го осветлиме нашиот пат кон подобра иднина.“
Големиот кинески ѕид осветлен во сино, во чест на 70-годишнината од формирањето на Обединетите Нации
Кривата кула во Пиза, осветлена во сино како дел од глобалната прослава
Хумајуновата гробница во Њу Делхи
Египќаните ги набљудуваат пирамидите и Сфингата во Гиза осветлени во сино
Студенти од Алмати, Казахстан, заеднички го формираат знакон ОН во чест на прославата
Градското собрание на Гран Плас во Брисел изгледа како место од бајките, сиот осветлен во сино
Цитаделата во Аман
Џамијата „Шеих Зајед“ во Абу Даби
Мостот Нелсон Мандела во Јоханесбург
Дрвото на животот во Милано
Хотелот Ле Ројал во Аман, Јордан и Светскиот центар на мирот во Верден, Франција
Кулата Ал Фаисалија во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија
Луѓе позираат пред Центарот на Хејдар Алиев, како дел од глобалната кампања „Претвори го светот ОН сино“
Аманската цитадела во Јордан
Храмот Боробудур во Магеланг, Индонезија
Храм во Баалбек, Либан, локалитет прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО
Ербиловата цитадела во северниот регион Курдистан во Ирак
Баб ел Бар, морската порта во Медина, Тунис