- Не си вистински Македонец ако во фрижидерот немаш брендирано шише од виски, полно со домашна ракија.
- Ако на шишето од „Фанта“ има капаче од „Кока-Кола“, значи во шишето има ракија!
- Празно шише ракија е како празен градник… Најдобро го нема внатре.
- И психијатар може да помогне, но со ракија е поевтино.
- Разликата меѓу човекот и животното е 500 грама ракија.
- Секс телефон за алкохоличари: Бавно ја вадам ракијата од фрижидерот…
- Ако сакаш некој човек, дај му слобода. Ако и тој те сака, на враќање ќе ти донесе ракија.
- Мажот е најсконцентриран кога претура ракија од бочва во мало шишенце…
- А сега да поработиме на твојата убавина – додека ти се шминкаш, јас ќе се напијам една ракија!
- Македонскиот патриот секогаш е подготвен да ја заштити својата татковина, вооружен со ракија, салата и далечинскиот управувач од телевизорот.
- Народна мудрост: Ако не може да биде излекувано со ракија, сигурно е неизлечливо.
- Злоупотреба на алкохол е кога со ракија се дезинфицираат рани и се бришат прозорци.
- Маж во аптека: Имате ли апчиња за глава кои се пијат со ракија?
- Денес научив што е тоа домашно шампањско – мажот пие ракија, а жената врие!
- Истурив ракија врз тастатурата и сега, што и да стиснам пишува четири големи букви: УШТЕ!
- Јас лично си инвестирам пари во ракија. Каде на друго место можеш да добиеш 40%?
- Да се пие по една ракија вечер не е само корисно, но и малку…
- Понекогаш толку ме мрзи да си правам кафе, така што директно си ставам ракија…
- Продавачката: Што сакате?
Тој: ракија и пиво, ама сега дојдов по леб! - Која е разликата помеѓу Македонците и Германците?
– Кога ќе испијат две пива Германците минуваат на „ти“, а Македонците – на ракија…