Природата може да биде нешто прекрасно за набљудување, како на пример величественоста на глетката како една гасеница излегува од својот кожурец како прекрасна пеперутка. Но фактите кои ќе можете да ги прочитате во продолжение се чиста спротивност на поимот за прекрасност, бидејќи секое од овие животни крие одвратни, ужасувачки и морничави тајни.
1. Нилските коњи убиваат повеѓе луѓе во Африка отколку лавовите, слоновите, леопардите, буфалата и носорозите заедно.
2. На секој еден човек на планетава му се паѓаат 200 милиони инсекти.
3. Големата бела ајкула може да помириса крв на оддалеченост од 5 километри.
4. Но, не грижете се, има поголема веројатност да ве убие пчела, отколку ајкула.
5. Неколку видови на рогати гуштери можат да прскаат крв од нивните очи во самоодбрана.
6. Реката Ганг во Индија е позната по две нешта: хиндуистичкиот ритуал да се носат починатите во нејзините води како нивно последно почивалиште и загаденоста. Со текот на годините биле донесени желки да ги изедат телата на починатите чиишто семејства не можат да си дозволат кремација. Така, изразот „желки да те јадат“ добива сосема ново значење.
7. Повеќето метрополи се соочуваат со големи наезди на стаорци, но во Техеран згора на сѐ се соочуваат со огромни стаорци чијашто тежина достигнува до пет килограми.
8. Забите на дабарот никогаш не престануваат да растат, но остануваат во границите на нормалата благодарение на сето тоа џвакање на дрва.
9. Златната отровна жаба има доволно отров да убие 10 возрасни луѓе.
10. Постои и такво нешто како „летачка змија“. Тие се способни да едрат во воздухот цели 100 метри, па дури можат и да свртуваат и да ја менуваат насоката на движење додека се во воздух.
11. Снежниот леопард може да скокне над 15 метри.
12. Кога златните орли се спуштаат кон својот плен, развиваат до 240 km/h.
13. Лилјаците вампири навистина постојат и навистина се хранат со крв.
14. Еден волк може да изеде над 9 килограми месо на едно седнување.
15. Тарантулите го јадат нивниот плен така што му вбризгуваат отров кој ги претвора во течност и потоа истата ја пијат.
16. Морските краставици како одбранбен механизам низ анусот исфрлаат дел од нивните внатрешни органи.
17. Во случај сѐ уште да не се ужаснувате од змиите, кралските кобри имаат доволно отров за со едно гризнување да усмртат 20 луѓе.
18. Повеќето коали имаат хламидиоза – една од најраспространетите причинители на сексуални болести.
19. Групите мунгоси од видот меркати си имаат и свои диктатори коишто назначуваат кои парови ќе се парат и сурово ја казнуваат секоја женка која забременила без одобрение.
20. Крокодилите можат да се качуваат на дрвја.