За да се спуштите во огромна природна пештера стара милиони години, потребно е да имате вистински авантуристички дух. Додека ја истражувате нивната внатрешност, очекувате да најдете бледи, слепи суштества, огромни сталактити и сталагмити и темнина. Но овие неверојатни пештери имаат да понудат нешто уште поспецијално на секој кој ќе се осмели да ги истражи нивните длабочини.
1. Пештерата на кристалите (Мексико)
Откриена во 2000 година, Пештерата на кристалите е блескав спектакл со кристали стари околу 600 000 години.
2. Пештерата на светулките, Ваитомо, Нов Зеланд
Формирана пред повеќе од 30 милиони години, оваа пештера е осветлена од биосветлината на илјадници светулки кои висат на ѕидовите на пештерата.
3. Грото Азура, Италија
Ако патот некогаш ве донесе во Капри, Италија, морате да ја посетите оваа пештера. Некогаш се верувало дека ја населуваат сирени и ѓаволи. Пештерата е позната по својата блескаво сина вода која, штом ќе изгрее сонцето, ја филтрира црвената светлина оставајќи ја само сината што резултира со неверојатен феномен за кој не ви е потребен фотошоп за да се истакне таа убавина.
4. Пештерата на глечерот Ватнајекидл
Бидејќи се целосно формирани од лед, најдобро време за посета на глечерните пештери се есента и зимата, кога има помала веројатност да ви се урнат врз главата, а и кога глечерите не се движат толку брзо.
5. Пештерата Фраја Након, Тајланд
Во националниот парк Као Сам Рои Јот е неверојатната пештера Фраја Након со многу интересна историја. Сончевата светлина се пробива низ срушениот таван на структурата, осветлувајќи го павилјонот Куха Карухас, изграден во 1890 за кралот Чулалонгорн. По изградбата била посетувана и од други кралеви кои се потпишувале на нејзините ѕидови.
6. Мермерните пештери, Чиле
Ако го посетите езерото Карера во Патагонија, ве очекува прекрасна глетка. Кристално чистата вода обоена во сино од смрзната тиња го акцентира интригантниот природен дизајн на најневеројатната мрежа од пештери во светот.
7. Пештерата кај вулканот Мутновски, Русија
ОБликувана од топлите извори и осветлена од таванот, во оваа пештера се прелеваат зелени, виолетови и сини нијанси, правејќи да се чувствувате како да сте влегле во некоја стара руска бајка.
8. Пештерата Донгжонг, Кина
Стара илјадници години, оваа инаку вообичаена пештера, служи како училница за 186 ученици и осум учители. Природната структура ја има оваа функција од 1984 и веројатно е едно од најинтересните места во кое секое дете би сакало да ги минува училишните часови.
9. Фингаловата пештера, Шкотска
Иако оваа пештера на островот Стафа изгледа како да е внимателно изделката од некој опседнат со шестоаголници, оваа неверојатна геометриска структура е целосно дело на природата.
10. Пештерата на трските, Кина
Иако осветлувањето во оваа пештера е вештачко, сепак оваа пештера е популарна туристичка дестинација уште од 792 година, за што сведочат безбројните потписи по нејзините ѕидови.Своето име го добила по трските кои растат пред нејзиниот влез.
11. Елисоновата пештера, САД
Се наоѓа во североисточна Џорџија и е на длабочина од 180 метри. Се вели дека ако пуштите камен од нејзиниот влез, потребни му се осум секунди за да стигне до дното.
12. Кјаут Сае, Мјанмар
Според легендите, оваа пештера се користела како засолниште на локалните жители кога бегале од нападите на Монголите во 13. век. Сега пештерата служи како место за медитација на будистите од храмот кој е изграден веднаш до неа.
13. Пештерата Сон Дунг, Виетнам
Најголемата пештера во светот се наоѓа во провинцијата Кванг Бин. За првпат откриена во 1991, пештерата е широка 213 метри, висока 150 метри и е долга речиси 10 километри.
14. Ледената пештера Ајсризенвелт, Австрија
Најголемите ледени пештери во светот биле откриени во доцниот 19 век. Целиот лавиринт се протега 40 километри, и како и секоја ледена пештера, целата внатрешност и надворешност постојано се менува поради топењето на ледот и повторното заледување.
15. Ординскаја, Русија
Ординскаја се наоѓа во Уралскиот регион. Се состои од подводни простории кои се протегаат преку 4 километри.
16. Пештерите Карисбад, САД
Лоцирани во Ново Мексико,овие пештери биле формирани во периодот пред 4-6 милиони години.
17. Пештерата Бартон Крик, Белизе
На прв поглед оваа пештера не изгледа како којзнае што особено. Сѐ додека не ги здогледате черепите. Пештерата била употребувана од Маите како место за погреби и верски обреди.
18. Јеита Грото, Либан
На влезот на пештерата ќе ве заглуши силниот звук на водата, кој одекнува во пештерата, по што пештерата го добила и своето име. Како што навлегувате, бучавата е заменета од длабока тишина и неверојатна убавина.
19. Пештерите Канго, Јужна Африка
Ова е серија од пештери со драматични фигури од варовник. Артефактите покажуваат дека во Каменото доба пештерите служеле како дом за луѓето кои тогаш го населувале овој регион.
20. Авен Арманд, Франција
Ако се осмелувате да навлезете 100 метри под земја, стравот ќе ви се исплати, бидејќи во пештерата се наоѓаат 400 уникатни видови на сталагмити, вклучувајќи го и најголемиот сталагмит во светот, висок 30 метри.