Како да повлијаете на луѓето, да оставите свој личен белег во нивниот живот и да ги привлечете на ваша страна? Прочитајте ги овие 20 совети.
1. Заинтригирајте
Секој си бара некаква лична корист. Ете зошто, објаснувајќи ја својата позиција, не заборавајте да кажете на соговорникот што може да добие од целата ситуација.
2. Барајте компромис
Не бива просто да се обидете да зомбирате некого. Ако сакате да повлијаете на некого, треба да сте во состојба да преговарате и да правите компромиси.
3. Комуницирајте
Комуникацијата е основниот клуч за влијание. Колку сте покомуникативни, толку повеќе луѓето ќе бидат подготвени да ја поддржат вашата гледна точка.
4. Бидете инспиративни
За да ги убедите другите во нешто, треба самите вие да зрачите со ентузијазам.
5. Хипнотизирајте
Хипнотизирајте го собеседникот. Се разбира, не буквално. Направете го тоа со вашиот шарм. Не заборавајте дека луѓето вообичаено се посклони да се согласат со тие кои им се допаѓаат и ги почитуваат.
6. Плаќајте
Парите се одличен мотиватор, зар не? Може би тоа е еден од најлесните и најбрзи начини да го добиете тоа кое го сакате. Единствениот недостаток во ова е што понекогаш може да ве чини скапо.
7. Бидете последователни
Ако вашето мнение се менува брзо како правецот на ветрот, малку веројатно е дека ќе можете да убедите некого во нешто. Бидете верни на вашата гледна точка.
8. Бидете експерт
Не бидете неосновани и безтемелни. Потврдете го вашето мнение со факти. За да го направите тоа, ви треба знаење. Луѓето се посклони да слушаат некој кој се разбира во тоа за што говори.
9. Слушајте
Научете се да слушате. Тоа е важна компонента на ефективната комуникација, која е многу важна во врска со способноста да се влијае на другите.
10. Бидете уверени
Ако зрачите со чувство на увереност во себеси и своите зборови, луѓето ќе слушаат внимателно. Ако сакате да убедите некого да тргне по вашиот пат, првин вие самите уверете се дека е правилниот.
11. Почитувајте ги другите
Колку повеќе самите го почитувате мислењето на другите, толку поверојатно е и вие да бидете ислушани кога треба.
12. Градете репутација
Ако вие самите успеете да се претставите како интелигентен, надежен и задлабочен човек, луѓето повеќе ќе ви се доверуваат и ќе го почитуваат вашето мислење.
13. Бидете трпеливи
Обидите да ги убедите другите во својата гледна точка можат да ви одземат многу време, така што ќе треба да сте многу трпеливи.
14. Признавајте ги грешките
Ако сте згрешиле – признајте го тоа. Луѓето ќе ве доживуваат како справедлив и чесен човек.
15. Треба да знаете што сакате
Зошто ви е неопходно да повлијаете на друго лице? Каква е вашата цел? За да убедите некого во нешто, треба да сте најасно зошто ви е тоа. Во спротивно зборот ќе биде нејасен и празен.
16. Практикувајте
Не пропуштајте ја можноста да да ја применувате техниката на убедување и практично. Праксата помага секое знаење да се доведе до совршенство.
17. Истражувајте
Истражувајте ги фактите кои ја поткрепуваат вашата гледна точка ако со неа сакате да ги импресионирате и другите.
18. Бидете позитивни
Бидете полни со радост и давајте надеж и на останатите. Луѓето секогаш со радост ги слушаат тие кои се позитивни и оптимистични.
19. Снабдете се со препораки
Луѓето ги слушаат мислењата на другите. Замолете некој да каже некој добар збор за вас и ќе видите дека кај другите нивото на доверба во вас ќе се зголеми.
20. Замолете
Понекогаш, за да натерате некого да направи нешто за вас е доволно само да го замолите за тоа. Бидете учтиви, не бидете мрзливи, кажувајте зборови како „молам“ и „благодарам“ и луѓето ќе ви одговарат на сличен начин.