Инти Рајми (Фестивал на сонцето) – Перу

fs23

fs24

За време на царството на Инките, фестивалот на сонцето бил еден од најважните настани во годината, со кој му се оддавало почит на Инти, богот на сонцето.

Музичкиот фестивал „Електрична шума“ – Ротбери, Мичиген

fs25

fs26

Фестивалот „Електрична шума“ е музички настан во траење од четири дена. Се одржува во јуни при што шумскиот амбиент придружен со спектакуларни светлосни ефекти и одличната музика пружаат незаборавно искуство.

Фестивал на слоновите – Џајпур, Индија

fs27

fs28

Слоновите се важен дел од индиската култура, па така секој март се одржува фестивал во чест на овие величествени животни, кој започнува со свечена поворка на слонови облечени во специјални костуми и покриени со екстравагантен накит. Потоа се одржуваат натпревари во поло, трки со слонови и влечење јаже.

Ден на мртвите – Мексико

fs29

fs30

Денот на мртвите (Dia De Los Muertos) е мексикански празник на кој луѓето се собираат за да се помолат и потсетат на починатите пријатели и членови на семејството. Своите корени фестивалот ги има во стар ацтечки фестивал.

Меѓународен фестивал на песочни скулптури – Португалија

fs31

fs32

Овој фестивал се одржува на плажа со површина од 1393m², и секоја година се собираат над 60 уметници кои употребуваат повеќе од 35.000 тони песок за да создадат 50 неверојатни уметнички дела.

Фестивал на дождовната шума – Кучинг, Борнео

fs33

fs34

Илјадници посетители се собираат среде тропската прашума во Кучинг, Борнео, за да уживаат во музиката на повеќе бендови од целиот свет.

Каскаморас, Шпанија

fs35

fs36

Гвадикс и База се два града лоцирани во Гранада, јужна Шпанија, традиционални соседи, но и ривали. Пред повеќе од 500 години, еден работник од Гвадикс нашол закопана икона на Богородица, но потоа една група од База ја украла иконата, за потоа пак да биде вратена во Гвадикс. Потоа избил судир, и откако се спогодиле, секоја година се одржува фестивал во чест на помирувањето, при што граѓаните учествуваат во битка со боја со која се решава на кого ќе му припадне иконата.

Гластонбери – Англија

fs37

fs38

Почнувајќи од 1970г. фестивалот Гластонбери е еден од најдобрите музички фестивали во светот. Во 2013 на фестивалот присуствувале 135.000 луѓе за ја служаат музиката на Арктик Манкис и Ролинг Стоунс, како и да гледаат театарски претстави, танчерски и циркуски настапи

Сподели на Facebook
пати видено