Луѓето знаат често целосно да ве разочараат, но сепак тоа не е причината да ја загубите вербата во човештвото. Овие прекрасни фотографии ќе ви ја вратат вербата во човечноста и ќе ве потсетат дека можеби на крајот на краиштата сепак не сме сите толку лоши. Еден обичен чин на љубезност може да значи многу.
1. Секоја вечер овој човек го носи своето куче на езерото бидејќи водата му помага да се справи со болката во грбот.
2. На роденденот на ова мало аутистично момче не се појави никој од неговите училишни другари. Неговата мајка преку Фејсбук побара помош по што дојдоа овие прекрасни пожарникари, полицајци и деца од соседството.
3. Работници од една компанија за одржување на хигиена се облекуваат како суперхерои за да ги разведрат децата во локалната детска болница.
4. Секоја недела овој фризер од Њујорк бесплатно ги потстрижива бездомниците.
5. Двајца од Норвешка спасуваат јагне да не се удави во океанот.
6. Жаклин Киплимо му помага на тркач инвалид да се напие вода и да го заврши маратонот во Тајван останувајќи неколку километри со него, поради што го изгубила првото место и награда од 10.000 долари.
7. Човек со помош на чадор спасува маче од давење.
8. Полицаец разубедува човек од извршување самоубиство. Осум години подоцна, човекот кој во меѓувреме станал татко на две деца му додели награда во име на Американската фондација за спречување самоубиства.
9. Норвежанец влегува во замрзнато езеро за да спаси патка.
10. Девојче ги продава нејзините плишани играчки и парите ги донира на локално засолниште за животни.