Индијанците живееле во склад со Мајката Природа и често биле нарекувани „Чувари на Земјата“. Тие сакале да „чекорат лесно на Земјата и да живеат во склад и хармонија.“ Можеби ако останале повеќе Индијанци да послужат како пример на останатите народи, нашата планета немало да се соочува со такви проблеми.

ntvamer-700x365

1. Моли се секој ден

Можеш да се молиш сам, во група и кога и да посакаш. Големиот Дух те слуша само ако зборуваш.

2. Не суди им на тие кои го загубиле патот

Ќе се сретнеш со луѓе коишто скршнале од својата патека. Моли се да најдат рака која ќе ги поведе назад кон добриот живот.

3. Пронајди се себеси

Никој не може да ти ја определи твојата патека место тебе, иако некои можеби и ќе се обидат. И запомни, никој нема да чекори по таа патека, освен ти самиот.

4. Однесувај се со гостите со крајна почит

Послужи ги гостите со најдоброто и однесувај се кон нив со почит.

5. Не земај што не е твое

Не е твое. Ниту е заработено, ниту ти е дадено.

6. Почитувај ги сите нешта

Било да се работи за животно, растение или место – кон сѐ однесувај се со почит.

7. Почитувај ги мислите, желбите и зборовите на другите луѓе

Не потсмевај се и не прекинувај. Почитувај ги изразувањата и искуствата на другите

8. Не зборувај лошо за другите

Тоа создава негативна енергија, која на крај ти се враќа тебе.

9. Секој греши

Сите грешки можат да се простат.

10. Лошите мисли предизвикуваат болест

Затоа негувај позитивни мисли и обѕири.

11. Природата не е само за нас

Ние сме дел од мрежата на животот. Неговата контрола не е во наши раце.

12. Децата се иднината

Однесувај се кон нив со почит. Одгледај ги да бидат добри луѓе. Остави им простор да растат.

13. Не обидувај се да кршиш срца

Сета намерно нанесена болка ќе ти се врати на тебе.

14. Кажувај ја вистината

Вистината не ослободува

15. Биди урамнотежен

Погрижи се твојата ментална, духовна, телесна и емоционална состојба да бидат во хармонија.

16. Донесувај свесни решенија за твојот живот

Самиот си одговорен за своите постапки.

17. Почитувај го личниот простор на другите

Запомни, ти си гостин во личниот простор на другите. Не играј си со нивните работи.

18. Биди искрен кон себеси

Не можеш да одгледуваш и да помагаш на други ако не си искрен кон себеси.

19. Почитувај ги верувањата на другите

Не присилувај ги твоите верувања низ грлата на другите.

20. Споделувај со другите

Убаво е чувството да се биде дарежлив.

Сподели на Facebook
пати видено