Сите знаеме дека животот е тежок, така што секогаш се трудиме да изгледаме силни и најчесто сме спремни за каква било непријатна ситуација.

Но, еден ден ќе видиме музичар кој им помага на бездомниците или добронамерен странец и веднаш ќе сфатиме дека сѐ уште има добри работи во овој свет.

3D печатен ултразвук за слепа, бремена мајка

Ова е слика на мојот дедо пред неколку недели на неговиот 95-ти роденден. Тој рече: „Барем повеќе не треба да се грижам дека ќе умрам млад.“

Областа со ориз беше уништена од вода од поплавена пештера каде што децата од Тајланд беа заробени. Таа само рече: „Не е важно. Јас само сакам децата да излезат живи“.

Полицајци се обидуваат да извадат жена од автомобил кој тоне во водата.

„Мојот дедо мораше да се пресели во старечки дом поради неговото влошување на Алцхајмеровата болест. Секогаш кога го посетувам со ќерка ми, тој се расположува и се однесува како да не е стар.“

Уличен музичар поставил знак дека бездомниците можат да си земат колку пари сакаат од кутијата.

„Го продадов камионот за да ја платам нејзината операција.“

Војник од Првата светска војна

Дипломци заедно со нивната 92-годишна соученичка.

„Денес мала уморна пчелка ми слета на палтото. Ѝ понудив малку џем од мојата крофна, кој што среќно го излижа, доби енергија и повторно полета.“

„Мојата сопруга и јас бевме загрижени дека нашата ќерка тешко ќе најде пријатели во градинка. Излегува дека имам поинаков проблем.“

Татковци присуствуваат на работилницата „Направи ѝ фризура на твојата ќерка.“

Ѓубреџии се одмараат

„Не е секогаш лесно да се биде самохран татко, но понекогаш ми се допаѓа што имам можност да доживеам некои работи што другите татковци не можат да ги остварат.“

„Пред некој ден омилената кукла на нашата двегодишна ќерка ја изгуби ногата. И покрај тоа, таа ѝ рече: „Во ред е, те сакам таква како што си“. Инспирирани од ова, купивме инвалидска количка за нејзината кукла.“

Додека го чекал автобусот оваа момче го собрало ѓубрето околу него и го ставило во канта.

„Моето 3-годишно синче се игра ‘татко му’ кој работи како ИТ техничар од дома. Тој ја има неговата тастатура, глушец, компјутерски екран и кафе.“

„Мајка ми ми пиша порака дека повторно ќе стане мајка, а потоа ми ја прати оваа фотографија.“

„Овие двајца луѓе не се познаваа. Таа леташе за прв пат и беше преплашена. Тој ја утеши, разговараше со неа и ја држеше за рака.“

Ова е последната белешка која дедо ми ѝ ја остави на мојата баба: „ На ова ќе се сеќавам кога ќе дојде до крајот на животот: најдобрата работа што некогаш сум ја направил е тоа што те сакав тебе.“

Сподели на Facebook
пати видено