„Ако во тебе нема нешто чудно – тогаш ти си чуден“ – вели Џони Деп. Во реалниот живот актерот тоа постојано го докажува, дека имено тој е таков – чуден како никој друг. Патем, неговите врсници во детството го нарекувале Џони Дип (од dippy – „удрен“)
1. Џони Деп страда од коулрофобија, т.е. тој панично се плаши од кловнови. Кога ќе види кловн, тој може да го загуби здивот од ужас.
2. Деп има силна алергија на чоколада. За време на снимањето на филмовите „Чоколада“ и „Чарли и фабриката за чоколади“, морале да употребат лажни слатки.
3. На шеснаесет години Деп го исклучиле од училиште поради тоа што ги соблекол панталоните и на учителот кого многу не го сакал – му го покажал голиот задник.
4. Деп собира вештачки бради
5. Џони Деп знае да дресира гуштери. Еден Господ Бог знае што ќе му е тоа и како ја открил таа способност во себе, но Деп бескрајно се гордее со тоа.
6. Во една прилика Деп спречил разбојник вооружен со нож. Си мислите дека избила тепачка и Џони го разоружал? Не, тој просто го убедил да се откаже од намисленото.
7. Во младоста, славниот актер самиот се повредувал со нож за да се справи со стресот. Со возраста тоа му поминало.
8. Кога престанал да влегува во костумот на Џек Спароу, актерот станал вегетаријанец.
9. Деп двапати бил: првиот пат поради тоа ја растурил својата соба во њујоршки хотел, а вториот пат бидејќи удрил в лице француски папарацо. И добро сторил.
10. На Џони Деп некако му се испуштило дека тој Џек Мевосек го смета за „необјасниво привлечен“.
11. Џони почнал да пуши кога имал дванаесет години, а првото сексуално искуство му било на тринаесет години.
12. Тој е познат по тоа што секогаш остава богата напојница и никогаш не одбива да даде автограм.
13. Деп многу се плаши да танцува. Ако тоа мора да го прави, на пример во некој филм, за време на снимањето на таа сцена мора постојано да присуствува кореограф.
14. Пред да стане актер, Деп продавал пенкала по телефон.
15. Тој повеќе сака цртани отколку играни филмови.
16. Тој во една прилика ветил дека ќе го убие и изеде секој оној кој ќе навреди негов другар или член на неговото семејство.
17. Џони Деп воопшто не знае да раскажува вицови.
18. Џони Деп е сопственик на винарија во Франција и на неколку барови во САД, но тој самиот веќе долги години не пие алкохол.
19. Деп сакал Џек Спароу да има неколку сребрени заби. На продуцентите многу не им се допаднала таа идеја. Тогаш Деп отишол на стоматолог, извадил неколку предни заи и ги заменил со вештачки.
20. Џони е убеден во постоењето на духови и многу се плаши од нив.