Божиќ е време кога се собира целото семејство да се прослави раѓањето на Исус Христос, да се споделат заеднички мигови крај Божиќната трпеза и да се даруваат Божиќни и Новогодишни подароци, сето тоа проследено со најразновидни традиционални обичаи, во согласност со традицијата во разните краишта на светот. Но дали го разбираме значењето на сите тие традиции и нивното потекло? Еве шест примери кои би можеле да ве изненадат.

Божиќните чорапи се симбол на спасување од проституција

dm01

Секој Божиќ се закачуваат чорапи на огништата или на Новогодишната елка, за Дедо Мраз да ги наполни со подароци. Всушност, подароци се оставаат на многу попространо место – просторот под елката е наменет за тоа. Тогаш зошто чорапи? Според легендата, во четвртиот век си живеел еден сиромашен човек кој бил тажен затоа што не можел да им обезбеди мираз на неговите три ќерки, и поради тоа никој не сакал да се ожени со нив.

Денес трите девојки едноставно би можеле да си купат куп мачки и да си продолжат да си го живеат животот како стари моми, но во тоа време немажените девојки можеле да се занимаваат само со една професија – проституција. Тоа многу го трогнало Св. Никола, кој е инспирацијата за Дедо Мраз, кој слушнал за маката на семејството.

Никола дошол во куќата на човекот среде ноќ со три вреќички злато. Погледнал низ прозорецот, и крај огништето видел чорапи закачени за сушење. Не можејќи да влезе низ заклучената врата, се провлекол низ оџакот и го распоредил златото во секоја од чорапите. Следното утро, девојките се разбудиле и биле многу пријатно изненадени од пресвртот на нивната судбина.

Современиот Дедо Мраз го создале богати њујоршки бизнисмени

dm02

Дедо Мраз не изникнал од невината фантазија на децата. Всушност, него го измислиле богати њујорчани кои сакале да ги спречат Американците да се пијанчат за време на празниците. Порано, Божиќ во Америка било време кога низ улиците скитале пијани орди кои ги малтретирале богатите луѓе. Оштетувањата на приватна сопственост биле честа појава, а моралноста бивала удавена во испиените литри вино. Во раниот деветнаесетти век, богатата елита почнала да размислува за начин како да се спречи тоа.

dm03

Во Њујорк, една група богати Американци со холандско потекло го формирале здружението „Св. Никола“ и со помошта на писатели како Вашингтон Ирвинг и Клемент Кларк Мур, почнале да го „припитомуваат“ празникот, фокусирајќи го на децата. Првин ја вовеле холанѓанската традиција за „Синтерклаас“, холандски народен изговор на името Св. Никола, од кадешто потекнува и англискиот израз „Santa Claus“. Благодарение на илустрациите и поемите објавени од здружението, Божиќ од пијано блудничење и дивеење се претворил во подостоинствена прослава согласно христијанските начела.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено