Учителката решила да им покаже на децата колку е штетен алкохолот.
Извадила еден црв и пред очите на сите го потопила во чаша со ракија. Црвот се згрчил и умрел. Таа прашала:
– Која е поуката деца?
– Кој пие ракија нема глисти – рекол Зоки Поки.
Учителката нервозна решила да ги одведе во една фарма. Таму ставила пред една крава една кофа со ракија и една кофа со вода. И повторно прашува:
– Кравата пие од водата и не ја ни намирисува ракијата. Што заклучивте од ова деца?
Зоки Поки веднаш одговара:
– Кој не пие ракија е говедо.

Сподели на Facebook
пати видено