На снимката се гледа ужасниот момент во кој 2-годишно момче чека да биде пуштено во градинката откако вработените го заборавиле надвор и му ја заклучиле вратата. Видеото снимено од случаен минувач, прикажува како момчето тропа на вратата на градинката во градот Александров во регионот на Владимирска област во западниот дел на Русија.
Малото дете за среќа е облечено во зимска облека и откако не успева да влезе од една врата се обидува да го направи тоа на друга. Минувачот вели дека детето било 20 минути надвор на -15 °C пред градинката да биде информирана дека детето го нема. Луѓето кои го снимиле видеото наводно им се јавиле да им кажат дека детето е надвор пред нивната врата.
Но според раководството на градинката детето било внесено внатре само пет минути по неговите соученици. Според вработените група од 22 деца ја напуштила зградата во 11.10 часот и се вратила во 11.46 часот, а дека исчезнатото момче било внесено внатре во 11.51 часот. Локалните власти започнале истрага, а за среќа 2-годишното момче не е повредено.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!