Исклучителен 2000-годишен прстен од сафир за кој се верува дека му припаѓал на контроверзниот римски император Калигула се продава со почетна цена од 750.000 долари.

Небесно синиот хололит направен од едно парче од скапоцениот камен, се верува дека бил во сопственост на Калигула, кој владеел од 37 година до неговото убиство четири години подоцна.

Лицето врежано во прстенот се смета дека е на негова четврта и последна сопруга Кесонија, за која се вели дека била толку убава што Калигула, ја терал да парадира гола пред неговите пријатели. Кезонија, која ја играла Дем Хелен Мирен во еротската историска драма Калигула во 1979 година, била убиена скоро веднаш по нејзиниот сопруг.

Од тага по неговата смрт, таа, наводно, доброволно му понудила вратот на атентаторот, велејќи му да ја убие без двоумење.

Прстенот е најголемата ѕвезда на изложбата на која ќе има голем број на вакви уникатни парчиња накит, кои ќе почнуваат од цена од 6.000 евра па нагоре. Продажбата предизвика светски интерес, при што колекционерите оддалеку дури и од Јапонија се редат надвор пред просториите неколку дена пред изложбата за да бидат први.

Сподели на Facebook
пати видено