Судија обвинил ноќен клуб затоа што дозволил тинејџерка да падне во рацете на двајца силувачи, откако таа била исфрлена од него пред да биде грабната и силувана од напаѓачите. Судијата Мери Стејси го обвинила клубот „Снобс“ од Бирмингем, Велика Британија, дека ја „напуштил“ деветнаесетгодишната жртва, за потоа таа да биде собрана како „плен“ на сексуалните прекршители, кои ја одзеле невиноста на девојката.

sl01 sl02

Таа дури предложила клубот да сноси кривична одговорност за силувањето, бидејќи „ги создал околностите за да се случи злосторството“. Студентката била исфрлена надвор откако се онесвестила од пиење. Со исфрлувањето таа била разделена од нејзините другари и била намамена во комбе од страна на Захир Абас и Сајад Хусеин, по што ја одвеле на некој индустриски имот и брутално ја силувале во задниот дел на комбето. Со пресудата, Абас бил осуден на единаесет години затвор, додека Хусеин добил шест.

sl03

При пресудата, судијката ја искритикувала управата на „Снобс“, кој е еден од најстарите клубови во Британија, велејќи дека евтино продаваат алкохол, а потоа се однесуваат неодговорно кон нивните клиенти.

„Нешто мора да се каже за клубот Снобс. Слушнавме дека на студентите им се дава алкохол повеќе од доволно, а потоа не преземаат одговорност за студентите, и ја отстраниле откако се онесвестила внатре. Луѓето на Снобс ја напуштиле на улицата, каде што таа станала плен на луѓе какви што се Абас и Хусеин. Обезбедувачите не сносат вина, вината е кај самиот клуб Снобс, поради пропустот да воведат соодветна процедура, на пример да повикаат такси кое би ги одвезло студентите дома.“

sl04

Судијката изјавила дека случајот ја довел во прашање квалификуваноста на клубот да поседува дозвола за работа и истата ја препратила на разгледување на градскиот совет на Бирмингем. Исто така препорачала да бидат контактирани колеџите и универзитетите со препорака да ги предупредуваат студентите да не потпаѓаат на евтините промоции на пијалоци во Снобс, чија целна група се младите и ранливи студенти.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено