Девојката се родила дома, родителите не ја пријавиле. На училиште не одела, се образувала дома (постои таква опција во САД). Никогаш не се разболела, па не и притребало ниту здравствено осигурување.
Сега Алисија Пенингтон има 19 години, нема никаков личен документ и не може да се запише на колеџ, да си извади пасош за да може да патува, да полага за возачка дозвола, не може да се вработи, ниту да си отвори сметка во банка. Што е најтрагично, нема законски начин како да докаже дека сево ова е точно за да и дадат американско државјанство.