Јапонија ја знаеме како земја на напредната технологија, на сумо борењето, на аниме цртаните филмови и како земја на цветовите на црешите, но следните слики покажуваат друга, хумана перспектива што можеби не сте ја знаеле до сега.
1. Пијалаците во Јапонија ги имаат имињата напишани во Брајовата азбука на врвот, за да може и слепите лица да прочитаат
2. Во повеќето јавни тоалети во Јапонија има бебешки седишта прикачени на ѕидот
3. Вакви оброци се служат во јапонските болници
4. Јапонската белешка вели: „Јас случајно го удрив вашиот велосипед и ви го скршив ѕвончето. Жал ми е.“ Би сакал сите луѓе да бидат чесни како човеков.
5. Овој тип на тоалет во Јапонија овозможува да си ги измиете рацете, а водата оди во казанчето за да се употреби повторно
6. Во повеќето јапонски училишта, учениците го чистат училиштето, како начин да покажат благодарност до училиштето и за да научат да бидат попродуктивни членови во општеството
7. По натпревар на Светското првенство во фудбал во 2014, Јапонците останаа на стадионот за да го исчистат ѓубрето што го оставија луѓето
8. „Си ја заборавив нејлонската кеса пред прометен трговски центар во Осака и кога се вратив да ја побарам подоцна тој ден, некој ја стави до ова дрво, за да можам лесно да ја најдам“
9. Колку се стабилни брзите возови во Јапонија
10. Шахтите во Јапонија се мали уметнички дела
11. Во Јапонија во каналите на атмосферска канализација живеат риби
12. На Меѓународниот аеродром Нарита во Токио, туристите ги пречекуваат со бесплатни оригами украси
13. Овој трговски центар во Јапонија има бесплатни фрижидери за лесно расипливи производи, така што клиентите можат да продолжат да купуваат без да се грижат дали ќе им се расипат веќе купените продукти
14. Ова пакување гуми за џвакање има и хартија за да ја завиткате гумата по џвакањето
15. Храна речиси секогаш изгледа како на рекламата
16. Овој јапонски тоалет има систем кој покажува кои се зафатени, а кои слободни кабини
17. Во Јапонија има места каде што си го оставаш чадорот, наместо да го носиш со тебе
18. Јапонските тоалети имаат копче за пуштање гласна музика, за луѓето да можат да извршат нужда број 2, без да се грижат дали некој ќе ги слушне
19. Возачите на автобуси во Јапонија штрајкуваа, но продолжија да возат, со една разлика. Не им наплаќаа на луѓето за возењето. Така штрајкот го осетија само оние за кои беше намемент.