Силната половина на човештвото е секогаш под контрола на жените. Ние веќе ве запознавме со типовите на мажи на првиот состанок (тука) и размислувавме на темата како мажите се менуваат со текот на времето.
И денес имаме сосема нова класификација на момците, и овие 18 стрипови се посветени на нив.
1. Мажот – брза храна
- Тие се обично мажи за краткотрајни врски, но некако постојано му се враќате.
- По секој состанок следи чувство на вина.
2. Мажот – сончоглед
- Општо земено, не се смета за интересна опција.
- Но, кога еднаш ќе почнете да излегувате со него не можете да престанете.
3. Мажот – острига
- Средбата со него не дава многу задоволство.
- Но, тој изгледа неверојатно добро и сакате да бидете видени со него во јавност.
4. Мажот – маршмалоу
- Иако не можете да кажете по неговиот изглед, ова е вистинско богатство.
- Жежок. Никогаш не е здодевен.
5. Мажот – зелен чај
- Тој секогаш знае сè. Јасно го планира својот живот, а понекогаш и вашиот.
- Вие сфаќате дека тоа е корисно, но поради горчливиот вкус, не сте подготвени да бидете во негово друштво секој ден.
6. Мажот – пржени компирчиња
- Пријател од раното детство.
- Без разлика на какви убави јадења да пробате во животот секогаш се враќате кај него.
7. Мажот – кроасан
- Потребно е подолго време да се дојде до неговиот крем.
- Но, понекогаш излегува дека е празен.
8. Мажот – сладолед
- Ве привлекува само додека е ладен.
- Штом почне да покажува симпатии и внимание, станува неинтересен.
9. Мажот – пица
- Секогаш доаѓа со „испорака“ доколку ви е потребен.
- Но, првин се јавува за да не биде нападно.
10. Мажот – хот дог
- Мирисот секогаш ве мами.
- Но кога ќе погледнете што има внатре сфаќате дека не е нешто посебно.
11. Мажот – тофу
- Неутрален во сите погледи.
- Нема ништо интересно кај него.
12. Мажот – маслинка
- Отпрвин можеби изгледа незрело и несериозно.
- Но, со долга трпеливост се отвара од нова страна: мирна, тивка, воздржана. За ова треба да растете.
13. Мажот – војнички грав
- Сигурен како калашников.
- Понекогаш досаден, но со него никогаш нема да се изгубите во шумата.
14. Мажот – мед
- Вкусен, здрав.
- Ниту времето ниту околностите не можат да го расипат.
15. Мажот – авокадо
- Брзо се расипува.
- Нема да биде употреблив неколку дена по запознавањето.
16. Мажот – чипс
- Целосно разочарување.
- Наместо ветениот богат внатрешен свет добивате 50% воздух.
17. Мажот – пудинг
- На изглед не е најпривлечен, но кога ќе го вкусите ќе сфатите дека е уникатен.
18. Мажот – кафе
- Јак, врел и не ви дава да заспиете.
- Но, главната работа е во тоа е дека не можете да живеете еден ден без него.