18-годишната интернет сензација Есена О`Нил заработувала илјадници долари позирајќи за Инстаграм и споделувајќи ги своите фотографии со речиси 580.000 следбеници, но минатата недела сето тоа се промени. Австралијката избришала 2000 фотографии од својот профил и своето име го изменила во „Социјалниот медиум не е вистински живот“. Потоа преименувала многу од своите фотографии за да ја открие вистината зад нив, и поставила нова веб страница наречена „Let’s Be Game Changers.”
Без да осетам, поголемиот дел од мојот тинејџерски живот го поминав како зависна од социјалните медиуми, општественото одобрување, социјалниот статус и мојот физички изглед“, пишува О`Нил на својот пост на Инстаграм од 27-ми овој месец. „Социјалните медиуми, особено начинот на кој ги користев, не се реални. Тоа е систем заснован на социјално одобрување, лајкови, вреднувања на погледи, успех во стекнувањето следбеници. Тоа е совршено оркестриран систем на самообземен суд.“
Тука имав акни, ова е многу шминка. Се насмевнував бидејќи си мислев дека изгледам добро. Среќата заснована на изгледот ќе го загуши твојот потенцијал овде на Земјата.
НЕ Е ВИСТИНСКИ ЖИВОТ – Беа потребни преку 100 слични пози обидувајќи се да направам мојот стомак да изгледа добро. Едвај нешто јадев тој ден. Ќе ѝ викав на сестра ми да продолжи да ги слика додека не бев горда до извесна мера. Да, баш #цели
НЕ Е ВИСТИНСКИ ЖИВОТ – Не платив за фустанот, направив безброј фотографии да изгледам жешко за на Инстаграм, свечениот [фустан] направи да се почувствувам неверојатно осамено.
Единственото нешто кое направи тој ден да се чувствувам добро е оваа фотографија. Колку длабоко депресивно. Да се има витко тело не е сѐ за што ние луѓето сме способни.
Беа платени 400 долари за да се постира фустан. Тоа беше кога имав можеби 150.000 – 500.000 следбеници. Знам за многу онлајн брендови (со големи буџети) коишто плаќаат до 2000 долари за пост. Нема ништо лошо во прифаќањето на зделки со брендови. Само мислам дека тоа треба да се знае. Оваа фотографија нема содржина, и не беше етички изработена (Во тоа време бев необразована). СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ НЕ СЕ РЕАЛНИ е мојата поента. Бидете свесни за тоа што луѓето промовираат, прашувајте се себеси, која е нивната намера зад фотографијата?
НЕ Е ВИСТИНСКИ ЖИВОТ – платени $$$ за промоција на џинсот и маичката. Повеќе информации за тоа како Инстаграм заработува многу пари на www.letsbegamechangers.com
И уште една слика направена чисто да се промовира моето 16-годишно тело. Тоа беше сиот мој идентитет. Тоа беше толку ограничувачко. Ме направи неверојатно несигурна. Немате претстава.
ПРОМЕНА НА НАСЛОВОТ: плативме за оваа слика. Ако гледате „Инстаграм девојки“ и посакувате вашиот живот да беше како нивниот…Сфатете дека го гледате само тоа што тие сакаат. Ако тагнат компанија, 99% од случаите тоа е платено. Нема ништо лошо во поддржувањето на бредновите кои ги сакате (на пример јас со гордост би промовирала Еко чаршафи или вегетаријанска храна во замена за пари бидејќи нивните бизниси имаат цел според мене) НО, ова нема никаква цел. Нема цел во лажната насмевка, оскудната облека и да се биде платен за да изгледаш убаво.Ние сме генерација на која ѝ се кажува да конзумира и конзумира, без помисла од каде доаѓа сето тоа и каде оди.