18-годишна мајка била уапсена откако се пофалила дека го залепила својот син за ѕид во шокантен видео пренос во живо. Шејла Рудолф оф Рејнолдсбуг, Охајо била уапсена и обвинета за киднапирање од трет степен кога го киднапирала својот син од Центарот за детска грижа на областа Френклин. Рудолф со проѕирна самолеплива лента за пакување му ја залепила устата на синот, а рацете му ги залепила за ѕидот и го оставила така петнаесет минути.
Мајката се пофалила дека тоа било добар начин да го спречи синот да трча наоколу, а подоцна снимила уште еден клип што ги вознемирило луѓето и ја известиле полицијата откако го виделе. Подоцна таа тврдела дека сето тоа е шега и покрај тоа што детето било видно вознемирено и плачело, а кога ја уапсиле, викала:
„Што ќе направите сега, а? Ќе викнете социјална служба? Земете го бе, ич к*р не ме боли. Овој пат можете да го земете засекогаш.“
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!