Кучето, се разбира, е најдобриот пријател на човекот, но не секогаш е подготвено да ви подаде шепа. Како и секое друго животно, дури и навидум пријателски расположено куче може да нападне човек и за жал може да заврши полошо од само едно каснување. Овие едноставни правила ќе ви помогнат да ги избегнете непријатните последици.
Кучето не напаѓа, но се однесува агресивно
- Не обидувајте се да го смирите кучето со зборови и да се насмевнете. Животното ја перцепира насмевката поинаку од луѓето. Ако за нас насмевка значи пријателство и радост, тогаш за куче насмевка и заби се чист предизвик за борба.
- Не го гледајте кучето во очи и игнорирајте го. Наскоро ќе му здодее и ќе престане да ви обрнува внимание.
- Ако е можно, побарајте помош од минувачите. Нема потреба да викате, зборувајте мирно.
- Не мавајте кон кучето со прачка. Да одговорите со агресијата кон агресија не е најдобрата опција, па ќе го натерате кучето уште повеќе да се налути.
- Оддалечете се мирно и полека, но не го свртувајте грбот. Најдобро е да се тргнете од кучето странично и што е најважно, не трчајте.
Од агресија до напад
- Врескањето само уште толку ќе го иритира кучето. Можеби ова звучи како логичен чекор, но обидете се да не викате.
- Одлично би било ако имате ултразвучен репелер. Тие можат да го исплашат кучето без да го повредат.
- Ако животното веќе трча кон вас обидете се да му ја покриете главата со јакна, блуза или што и да имате на дофат. Исто така обидете се да се качите на нешто повисоко.
- Фрлете торба, ранец или нешто слично на страна за да му го пренасочите вниманието на кучето. Животното својата агресија ќе ја префрли на предметот и ќе имате време да избегате. Доколку имате храна во вас, најдобро е неа да ја фрлите.
- Доколку веќе дојде до напад, доколку можете ставете ги рацете на вратот за да го заштитите, тој е најранливото место кое кучињата го напаѓаат.
- Доколку кучето ве зграпчи за рака или нога експертите препорачуваат да не ги влечете екстремитетите, туку удрете го кучето по носот или очите, доколку ситуацијата дозволува подигнете го кучето за задните нозе.
- Користете ја вашата тежина: ако е можно, притиснете го кучето на земја со лактот или коленото. Кучињата знаат да касаат, но не знаат да се борат.
- Доколку ве нападнат повеќе кучиња, запомнете едно правило „Не треба да дозволите да ве опкружат“. Подобро е да застанете до ѕид или во некој агол. Исто така не треба да бегате.
Што да направите ако ве касне куче
- Измијте ја раната со сапун и вода или со алкохол.
- Не е важно дали ве каснало куче скитник или кучето на вашиот пријател. Мора да одите во болница и да ги направите потребните проверки.
- Потоа ќе ви бидат дадени инјекции против беснило. Спротивно на митовите, нема 20-30, туку само 6. И тие се инјектираат во рамото, а не во стомакот.
- Според статистичките податоци, во 99% од случаите кучиња ги инфицираат луѓето со беснило. Симптомите на болеста се појавуваат 30-50 дена по каснувањето. Важно е да се вакцинирате во рок од 2 недели, инаку последиците ќе бидат лоши.
- Вирусот не се пренесува само преку каснување. Доволна е и плунката на болното животно да дојде до вашите раце или пак лице. Затоа никогаш не дозволувајте непознато куче да ви ги лиже рацете или пак лицето.