Неодамна 17-годишен тинејџер од САД даде одличен пример како може непријатната ситуација да се претвори во нешто добро за себе и другите. Коен Нолти живее во Вирџинија, оди во средно училиште и работи како келнер. На Коен често му оставаат бакшиш. Еднаш откако собрал кеса со ситни пари решил да отиде во локален ресторан и да ги почести пријателите со тие пари. Тој дури им оставил и бакшиш. Коен не се надевал дека такво случајно плаќање на сметката ќе крене толку голема врева.
Запознајте го Коен Нолте. Неодамна, момчето го имаше прекарот Quarter Boy, поради ситните монети со кои плаќал.
Но, на Коен не му пречи овој прекар, напротив, тој е горд на него. И понатаму ќе ви покажеме зошто.
Набрзо откако Коен и неговите пријатели ручале во пабот и ја платиле сметката со ситни монети, ироничен пост се појавил на страната на овој паб на Фејсбук.
„Само ќе го напишеме ова… ‘Како да не платиш во ресторан’, затоа што тоа е најкултурната работа која можеме да ја смислиме.“
Исто така под описот со хаштаг било напишано дека тинејџерот „нема домашна култура“
Но, оваа невкусна шега ги налутила клиентите на пабот и почнале да ги критикуваат во коментарите. Самиот Коен, исто така, го видел мислењето и бил многу изненаден од оваа реакција на ресторанот. Наскоро, поради бранот критики, пабот го отстранил сензационалниот пост, но Коен успеа да направи скриншот и го стави на неговата страница.
Можеби се очекувало момчето да се пожали на своите родители или пак да почне да критикува на социјалните мрежи, но Коен постапил многу помудро.
Коен смислил одлична идеја. Тој ја раскажал оваа приказна на својот Фејсбук профил и организирал добротворни настани, за собирање средства со кои ќе ги почести непознатите луѓе.
„Сакам да ги почестам луѓето со храна и за да го направам тоа ќе ги потрошам и последните парички. Иако ме исмејуваат тоа ја засили мојата желба. Мислам дека имаме места кои би прифатиле плаќање со ситни парички. Ако ми испратите монети ќе ги потрошам за храна на други лица. Ќе ги потрошам сите средства да купам храна за другите и да снимам видео со нивната реакција!“, пишува Коен.
Акцијата организирана од Коен добила широка јавна поддршка.
Луѓето почнале активно да испраќаат пари и да пишуваат добри зборови на 17-годишниот Американец. Многумина напишале дека се горди на такви млади луѓе како Коен.
За возврат, младиот човек го одржал своето ветување и сега редовно ги чести непознатите луѓе во рестораните.
За кратко време, во рамките на акцијата, луѓето собраа повеќе од 5.000 долари.
Коен не очекувал неговата иницијатива да добие толку силна поддршка, и тој самиот да стане познат. Но, истиот паб, иако дал официјално извинување на Коен, прилично ја расипал својата репутација.