Гледајќи ги своите сиромашни пријатели како секојдневно се мачат поминувајќи преку ѓубрето, тинејџерот Ешан Балбале решил да преземе нешто. Особено затоа што на тоа место морале да поминуваат и децата.
Кога локалните жители виделе дека тинејџерот започнал да гради мост, му се придружиле и така за 8 дена го изградија мостот долг 30 метри и широк 1,2 метри. Ешан сега планира да изгради и неколку тоалети затоа што недостасуваат во овој дел од градот.