Бракот е институција којашто е со нас со векови. Сите бракови носат мигови на блаженство и периоди на стрес, но едно е сигурно: самата свадба е важна церемонија, полна со среќа, сентименталност, а можеби и само малку пијанство.
Некои традиции се малку почудни од другите, но бидејќи сме суштества од навика, сите луѓе на светот си ги сакаат своите традиции. Дури и ако почетокот и причините за традицијата ни се губат од видот, луѓето од целиот свет се посветени на зачувувањето на старите обичаи.
1. Прикрадувачки бакнежи
Ако се венчавате во Шведска, подобро би било да не одите во тоалет за време на свадбата. Доколку младоженецот или невестата појдат во тоалет за време на свадбата, сите гости го/ја бакнуваат брачниот партнер кој останал во салата, се додека да се вратите од тоалет.
2. Кршење чинии
Во Германија е традиција на среќната двојка да ѝ се купат нови чинии. Потоа ги кршат за да се заштитат од лошите духови.
3. Плачење
Во Кина, невестите кои учествуваат во традициите Туџиа треба да плачат по еден час дневно цел месец пред свадбата. По десет дена, и мајката ѝ се придружува на забавата. Десет дена откако и мајката се придружила, и баба ѝ почнува да плаче со нив. На самата венчавка се очекува сите да почнат да липаат.
4. Зли вили
Ирската традиција заповеда дека нозете на невестата не смеат да се кренат од подот додека таа танцува со младоженецот. Доколку го направи тоа, ќе ја однесат зли вили.
5. Долу лицето
Традиција во Француска Полинезија од членовите на семејството на невестата бара да лежат со лице во песокта додека младоженците минуваат преку нивниот грб.
6. Мајчинска љубов
Во некои африкански села е традиција мајката на невестата да им се придружи на младоженците во нивната спална по свадбата. Знаете…за мајката на ќерка си да ѝ го покаже миразот.
7. Запек
На двојките во заедницата Тидонг во Борнео им се забранува да одат во тоалет три дена пред свадбата.
8. Заб од кит
Во Фиџи, младоженецот ја бара раката на својата сакана од нејзиниот татко така што ќе му донесе заб од кит.
9. Рибини стапала
Во Кореја, откако свадбата ќе заврши, според традицијата нозете на младоженецот се удираат со риба за да го подготват за првата брачна ноќ. Ако не можете да ја согледате врската помеѓу тие две нешта, не сте сами.
10. Мажење за дрво
Манглик е израз од хиндуистичката астрологија, според која Мангал Доша е астролошка комбинација која се јавува кога Марс (Мангал) е во првата, втората, четвртата, седмата, осмата лили дванаесеттата куќа на асцендентната карта. Личноста родена во присуство на оваа состојба се нарекува манглик. Индиските жени коишто се раѓаат како манглик, мораат да се омажат за дрво три дена пред да се омажат за нивниот сакан. Тоа е така затоа што мангликите наводно се проколнати и ќе им донесат прерана смрт на нивните сопрузи доколку не ја почитуваат традицијата. Откако ќе се омажат за дрвото, тоа се сече и уништува за да се растури клетвата. Дури потоа можат да се омажат за човек.
11. Лак и стрела
Во малата етничка група Југур во Кина од младоженецот се бара три пати да ја застрела својата невеста со лак и стрела пред свадбата. Не грижете се, стрелите се без глава, се работи за симболика.
12. Две деца
Во јужен Судан, бракот не е официјален сѐ додека невестата не роди две бебиња. Ако не го стори тоа, сопругот може слободно да се разведе од неа.
13. Оцрнување на невестата
Во Шкотска е важна традиција пријателите и семејството да ја врзат невестата за дрво и да ја посипуваат со најразлични одвратни нешта. Идејата е дека ако може да го издржи ова, би можела да ги издржи и брачните тешкотии.
14. Гоење
Според свадбениот обичај во Мавританија, невестата пред свадбата треба да се здебели колку што може повеќе.
15. Пилиња
Народот Даур во Кина од младоженците бара да убијат пиле со нож кој го држат заедно. Потоа го прегледуваат црниот дроб на пилето. Доколку црниот дроб е добар, можат да закажат ден за венчавката. Доколку не е, го повторуваат процесот.
16. Плукање
Кај народот Масаи во Кенија, таткото на невестата ја плука својата ќерка во лицето и градите како благослов.
17. Не е дозволено смеење
Во Конго, на младоженецот и невестата не им е дозволено да се насмеат за време на целата свадбена церемонија.