За време на нејзиниот живот, една жена ќе потроши околу 15.000 долари само за козметика. Но, тоа не е единствената работа за која жените трошат пари. Некои производи можат да бидат навистина чудни и бескорисни.
17. Перница за бакнување
Популарноста на овие перници всушност е зачудувачка. Но, ние претпоставуваме дека сите понекогаш се осамени.
16. Градник за итни случаи
Ова е изум на д-р Елена Боднар. Градникот се трансформира во две гас маски.
15. Кучини
Оваа едноставна мала работа ќе го спречи прикажувањето на „камилино копито“ во било кој вид гаќички или панталони.
14. GoGirl
Оваа цевка им помага на жените да уринираат додека стојат. Веќе се продадени 5 милиони вакви „направи“.
13. Лепило за гради
Производителите тврдат дека лепилото ѝ пркоси на гравитацијата и ги држи градите „високо“.
12. Кондоми на потпетици
Да добро прочитавте. Овие „кондоми“ им даваат нов живот на сите потпетици.
11. BraZing
За сите кои не сакаат обични прерамки за градник тука е компанијата BraZing. Тие произведуваат прерамки во различни форми, бои и дезени.
10. Гаќички за нозе
Ако може на друго место зошто да не и на нозете?
9. Та-Та крпи
Оваа крпа наменета само за градите би требало ефективно да ги држи и да ги суши по капењето.
8. Обетки-инсекти
Иако изгледаат прилично грдо некои жени сакаат да купуваат ваков накит.
7. Футрола за телефон со „рака за држење“
Оваа футрола е наменета за сите оние кои се чувствуваат осамено.
6. Рајан Гослинг перница
Да, јасно ни е, убав е, познат, харизматичен, но зарем ни е потребен Рајан во секој кревет?
5. Пријателче за гушкање
Повторно нешто за осамените жени. Овој пат мускулеста перница.
4. Тренер за насмевки
Ова наводно ги мести аглите на вашите усни за да имате „совршена насмевка“.
3. Градник со вино
Да се надеваме дека градникот нема да протече.
2. „Шаблон“ за нанесување на кармин
Ако не знаете како да направите вашите усни да изгледаат поголеми купете си ја оваа морничава маска.
1. Перница за гради кога спиете странично
Не сакаме градите да се удираат една од друга додека спиеме, оваа перница го решава тој проблем.