Заборавете ги големите пронајдоци и откритија и кој кого освоил. Ова е ВИСТИНСКАТА историја на човечкиот род.
1. Ана Франк била љубопитна за нејзините интимни женски делови во нејзините оригинални страници често се навраќала на теми како мастурбацијата и менструацијата.
Верзијата од нејзиниот познат дневник и кој се чита како училишна лектира е доста изменет, при што се отстранети речиси сите делови во кои таа се истражува себеси.
2. Претседателот Ворен Хардинг на својата љубовница Кери Филипс со која одржувал врска петнаесет години ѝ напишал илјада страници еротска кореспонденција.
Во писмата ѝ советувал да се „навлажни во природното езеро“ и многу пати го споменувал неговиот „пријател Џери“ (неговиот пенис).
3. Некои историчари велат дека за време на Битката кај Азенкур, англиските стелци марширале (а можеби и се бореле) со симнати панталони.
Во тие времиња дизентеријата била многу честа, а со спуштените панталони, војниците можеле да си ги олеснат измачените црева без да мораат да направат пауза во битката.
4. Стотици години, жените од европските кралски семејства се пораѓале пред публика
Ова особено бил чест обичај кај француското кралско семејство – кутрата Марија Антоанета за малку ќе била смачкана од љубопитната толпа која навалила пред нејзиниот кревет во Версај кога докторот извикал дека бебето е на пат.
5. Исповедничките кабини биле смислени од страна на католичката црква не поради приватност, туку за да ги спречат свештениците да имаат сексуален однос со жените кои доаѓале на исповед
Проблемот бил познат под името „солицитација“, т.е. поттикнување или заведување, т.е. пак за ова ги наоѓале виновни – жените, а кој друг! Па затоа свештениците исповедници морале да бидат спречени од било каков, дури и визуелен контакт со жените кои доаѓале на исповед. А да знаат само католичките свештеници како се исповеда кај нас православните, веднаш ќе ја сменат верата.
6. Катерина Велика си имала таен секс салон полн со мебел украсен со пениси, раширени нозе и женски усти кои изведуваат фелацио, сите вкусно украсени со златни ливчиња.
Собата била тајна со децении, сѐ додека советските власти не ја откриле за време на Втората светска војна.
7. Древните Римјани го употребувале растението наречено „силфиј“(Silphium), како природно контрацептивно средство. Било толку ценето што илустрации на растението (десно) и неговото семе (лево) биле гравирани на сребрени монети.
Историчарите теоретизираат дека од обликот на семето на ова растение потекнува современиот популарен симбол за срце.
8. Првото јавно прикажување на снимен филм се случил на 28. декември 1895 година. За помалку од една година бил објавен првиот порнографски филм – Le Coucher de la Mariée (Починок за невестата).
9. Моцарт напишал канон наречен „Leck Mich im Arsch” (Лизни ми го газот“. Тоа било само едно од многуте безобразни нешта коишто ги смислил во текот на неговиот живот.
Ова дело го компонирал специјално за неговите пријатели.
10. Ганди спроведувал бизарни „експерименти за девственост“ за време на кои момчиња и девојчиња спиеле и се капеле заедно, но биле казнувани за било каков сексуален разговор или активност.
Тој исто така се капел и спиел со неговата лична асистентка, но тврдел дека тоа не било непристојно бидејќи си ги држел очите затворени.
11. Жан-Жак Русо, писател, философ и композитор од осумнаесеттиот век, бил толку опседнат со идејата некој да го плеска по задникот што станал познат по тоа што ги демнел жените по патиштата, ги спуштал гаќите и ги прогонувал со неговиот гол задник.
Ова Русо го признава во неговата автобиографија наречена „Исповеди“.
12. За време на нацистичката окупација на Норвешка, борците од отпорот се инфилтрирале во фабриките за сардини и во конзервите ставале кротоново масло, многу моќен лаксатив.
Овие сардини потоа биле праќани на германските трупи кои несомнено минувале низ многу маки потоа.
13. На 7. септември 1642 година, Томас Гејнџер бил првиот осуден на смрт во тоа што подоцна ќе стане САД. Неговиот злостор? „Разврат со кобила, крава, две кози, овца, две телиња и мисирка“.
14. За време на неговото претседателствување, Линдон Џонсон се сретнал со некој новинар кој постојано го прашувал зошто американските трупи се наоѓаат во Виетнам. Во еден момент, Џонсон изнервиран го откопчал патентот, си го извадил „државниот врховен орган“ и извикал: „Еве зошто!“
Инцидентот бил запишан од страна на неговиот биограф Робер Далек. Новинарот потоа престанал да му додева.
15. За напалените жени некогаш се сметало дека страдаат од „хистерија“ а третманот се состоел од мастурбација која им ја приредувал нивниот доктор.
Набргу услугава станала толку барана (како што и може да се очекува), што докторите почнале да се плашат за безбедноста на нивните зглобови. И тогаш го измислиле вибраторот.
16. Во Ирска, за време на железното доба, при инаугурацијата на новиот водач на народот тој морал да има сексуален однос со бела кобила, која потоа се јадела.
Една од најраширените келтски божества е коњската божица Епона. Со спојувањето на коњската божица се верувало дека новиот владетел се спарувал со земјата за која се заколнувал дека ќе ја заштитува.
17. Кога Велс станал дел од Обединетото Кралство, Велшаните забележале дека казната за секс со овца (сечење на прст) е поблага од казната за кражба на овца (сечење на рака).
Па така луѓето кои биле фатени во кражба на овца велеле дека ја заведувале, со цел да си ги спасат рацете. Ова ја повело криминалната статистика во интересна насока, и засекогаш Велшаните ги обележало со красноречивиот епитетот „овцое*ци“.