Светот отсекогаш бил опкружен со митови, но со појавата на интернетот се појави огромен број на лажни фотографии и приказни во кои луѓето веднаш поверуваа.

Најверојатно сте слушнале за принцезата Анис поради која 13 мажи си го одземале животот, или за бабата на Меланија Трамп?

Мит 16. Иранската принцеза Анис била симбол на убавината во почетокот на XX век. 13 млади луѓе извршиле самоубиство поради фактот што таа не се согласила да им стане сопруга.

Се верува дека на фотографијата не е вистинската жена на шахот, туку машки актер, бидејќи на жените не им било дозволено да се фотографираат.

Мит 15. Никола Тесла работел како инструктор за пливање.

Прекрасна фотографија но за жал на неа не е Никола Тесла, туку некое момче кое многу наликува на големиот пронаоѓач.

Мит 14. „Гласот на Дарт Вејдер“ црниот актер Џејмс Ерл Џонс бил принуден да носи костим, инаку не му било дозволено да влезе во клубот поради расна сегрегација.

Прекрасна легенда, но фотографијата била направена во 1979 година во Лондон, каде што немало клубови „само за белците“. Според изведувачот на улогата на Лук Скајвокер, Марк Хамил, Џонс никогаш не се обидел да го облече костимот на Темниот Господар.

Мит 13. Џиновски стршлен.

Во насловот на фотографијата се вели дека 40 луѓе умираат секоја година од каснувањата на овој ужасен инсект во Јапонија, а болката од џиновски стршлен е споредлива со болката од жешка шајка. Ова е сосема точно, но џиновскиот стршлен не изгледа како на првата фотографија, туку како на втората.

Мит 12. Кит кој починал поради јадење ѓубре.

Всушност тоа е инсталација создадена од канцеларијата на Гринпис на Филипините, со цел привлекување на вниманието на луѓето кон проблемот со загадувањето на океаните.

Мит 11. „Антички астронаут“ на ѕидот на Новата катедрала во Саламанка (Шпанија)

За време на реставрацијата во 1992 година, уметникот Џеронимо Гарсија одлучи да наслика нешто необично и модерно и затоа го ставил астронаутот и Фаун кој држи корнет во рацете.

Мит 10. Опис на фотографијата на глутница волци

Наводно, првите три волци во глутницата се најстари и најслаби, по што следуваат пет – најсилните, во средината – остатокот од глутницата, групата се затвора уште пет од најсилните ѕверови, а зад нив доаѓа водачот кој ја контролира ситуацијата. Но фотографот кој ја направил фотографијата, Чаден Хантер, вели дека ова не е точно и дека волците вака ловат бизони и на чело стои алфа волкот.

Мит 9. Волчица го штити грлото на мажјакот во борба

Фотографката Џин Пол вели дека случајно успеала да го фати моментот кога еден од волците скокнал и се навалил врз другиот, а постои и голема веројатност сите волци да се мажјаци.

Мит 8. „Апокалиптично“ зајдисонце во Москва

Прилично популарната слика „без фотошоп“ била плод на спојувањето на две различни слики. Небото било позајмено од холандскиот фотограф Марике Мандемакер и вметнато над мостот во Москва.

Мит 7. „Портите на рајот“, снимени со телескопот Хабл

„Необичната фотографија која ги запрепасти научниците“ всушност е дело на графичкиот дизајнер Адам Фери. Еве како изгледа оригиналната фотографија.

Мит 6. Вештачка зелка во Кина

Ова всушност не е вистинска зелка, туку „лажна зелка“ која е маркетинг трик за привлекување на вниманието на потрошувачите од страна на угостителите во Кина.

Мит 5. За Арнолд Шварценегер немало место во хотелот, па тој морал да спие на улица веднаш до неговата сопствена статуа

Шварценегер ја објавил фотографијата на Инстаграм за да се пошегува со описот „Како се менува времето“, а истата била преземена од некои медиуми и била креирана лажната вест.

Мит 4. Барак Обама се фотографирал до човек кој спие во метро.

Ние ја најдовме оригиналната фотографија и како што можете да видите во неа нема момче кое спие. За жал.

Мит 3. Во Соединетите Американски Држави од топлината се стопиле автомобили

Овие автомобили не се стопиле затоа што се прегреале на сонце, туку затоа што биле близу до пожар.

Мит 2. Бабата на Меланија Трамп била советски пилот

Бабата на Меланија дури добила и име, Олга Орлиф. Но, секој што сака филмови од 1950-тите, сигурно ќе ја препознае на оваа фотографија Џенет Ли, која глумела советски шпион во филмот „Пилот“.

Мит 1. Сираче од Ирак насликало фигура на мајка на асфалтот и ѝ заспало на градите

Девојчето има мајка. И тато. И цело семејство, вклучувајќи и братучед кој ја фотографирал оваа слика, но тие не живеат во Ирак, туку во Иран.

Братучедот Бахари Бишек, кој е фотограф, забележал дека малото девојче заспало таму каде што се играло и решил да го искористи моментот и да ја фотографира, а подоцна направил серија такви фотографии.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено