Ова е 16-годишното момче кое преживеало смртоносна амеба. Себастијан ДеЛеон е само еден од четворицата луѓе во последните 50 години кој преживеал инфекција од неглериа фоулери, којашто убива 97 отсто од пациентите. На 7 август ој пливал на приватна плажа во Орландо, Флорида, за време на одмор со неговото семејство, кога ја закачил инфекцијата преку нос. Но, денес, на воодушевување на лекарите, тинејџерот од Јужна Флорида е здрав и прав, на нозе и може да си оди дома.
Осврнувајќи се на неговиот третман, докторот на Себастијан бил облеан во солзи. Иако Себастијан ќе продолжат да го надгледуваат, подготвувајќи се да си одат дома, неговите родители ја опишале нивната радост, но и нивните стравувања дека можеле да го изгубат нивниот „енергетичен и авантуристички расположен син.“
„Сум лекувал случаи со амеба и порано, и сите беа фатални. Затоа овој случај со Себастијан ДеЛеон треба да се раскажува“, вели д-р Хумберто Лириано.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.