Тинејџерка чијашто лева мозочна хемисфера претрпела оштетување по само една таблета екстази ги прави своите први болни чекори од нејзината инвалидска количка. Шеснаесетгодишната Ејми Томсон се борела за својот живот минувајќи недели во кома откако минатиот јуни се онесвестила за време на една „екстази забава“ во куќа во Глазгов. Три месеци подоцна, видеото на кое беше прикажано нејзиното закрепнување стана вирално, откривајќи го разорниот ефект на екстази таблетата врз нејзинот мозок и тело – со што нејзиното семејство ги предупреди другите за опасностите од дрогата.
Оттогаш, ученичката продолжила да се бори да го поврати своето здравје и сега веќе започнала и да чекори со помош на нејзиниот медицински тим. Нејзината следна цел е за постојано да стане од инвалидската количка. Овие нејзини чекори беа објавени на фејсбук страницата „Поддрша за Ејми“, којашто е одржувана од страна на нејзината мајка. Во пост посветен на тоа, таа вели: „Нема ништо забавно во врска со закрепнувањето на Ејми. Би сакале нашите скапоцени млади луѓе да размислат пред да земат било каква дрога или таканаречени легални опојни средства“.
Една погрешна одлука вашиот живот на млада, здрава и убава личност како Ејми пред несреќата во еден миг може да го претвори во вистинска ноќна мора.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!