Италијанскиот илустратор Мауро Гати е уморен од постојаните негативни вести што ги шират медиумите. Поради нив, се чини дека ништо добро не се случува во светот.
„Ние зачекоривме напред во многу области од животот, и неопходно е светот да знае за тоа. Затоа, го создадов проектот The Happy Broadcast, кој делува како противотров на реториката која ги опфаќа нашите медиуми.“ Мауро објавува само позитивни настани, кои ги зајакнуваат пријатните илустрации.
1. Португалија ја забрани употребата на диви животни во циркуси до 2024 година, со нов закон кој помина во парламентот.
2. Стапката на писменост во светот продолжува да расте, достигнувајќи рекордно високо ниво.
3. Пред 20 години, исландските тинејџери биле најголемите алкохоличари во Европа. Денес е сосема спротивното.
4. Калифорнија стана првата држава која забрани производите за убавина да се тестираат на животни.
5. Нивото на пушењето тутун е намалено на глобално ниво. Особено кај жените.
6. Град во Италија донел закон да се употребува само тивок огномет. Ова е направено за да не се предизвикува стрес кај миленичињата.
7. Американската пиварница SaltWater создаде прстени за лименки пиво кои можат да се јадат, наместо да ги убиваат желките.
8. Џиновската панда повеќе не е загрозена. Кина ќе гради заштитено подрачје за панди во вредност од 1,5 милијарди долари.
9. Научниците открија чиста заледена вода под површината на Марс, со што се зголемуваат надежите за живот.
10. Адидас има продадено 1 милион пара патики направени од ѓубрето во океаните.
11. Според извештајот на Министерството за земјоделство во САД, бројот на пчелите почнал да расте.
12. Според експертите, 2017 година беше најбезбедна година во историјата на цивилната авијација.
13. Во 2017 година, областа на озонската дупка над Антарктикот се намали на најмало ниво од 1988 година.
14. ICON разви метод за 3Д печатење на куќа за само 24 часа, со што оваа технологија може да го промени животот на луѓето без засолниште.
15. Научниците велат дека во текот на изминатите 35 години, глобалното уништување на шумите е неутрализирано од растот на нови дрвја.
16. За првпат во историјата на Саудиска Арабија, на жените им е дозволено да возат автомобили.