Алберт Ајнштајн еднаш рекол: „Ако на почетокот идејата не е апсурдна, тогаш нема надеж за неа“. И верувале или не, човечкиот ум измислил многу сосема чудни направи кои во почетокот биле апсурдни … и продолжиле да бидат апсурдни. Дали има надеж за нив во денешниот свет?
1. Светлечки гуми
Светлечки гуми, Goodyear од 1961 година.
2. Бјуик Фламинго
Еве уште нешто од 1961 година. Мораме да признаеме дека овој автомобил изгледа прилично неверојатно со своето ротирачко патничко седиште. Но, каде се безбедносните ремени?
3. Фен за коса
Само притиснете го копчето и почекајте додека вашата коса не стане мека и сува. Ова е од 1962 година.
4. Ролери
Еве еден постар модел на ролери од 1910 година.
5. Машина за бркање на глувци
Овој изум од 1963 година служел за бркање на глувците. Таа мјаукала и испуштала слични „мачешки“ звуци за да ги избрка глувците.
6. Пластичен штитник за лицето
Жените во 1939 година не морале да се грижат дека дождот ќе им ја уништи шминката.
7. Ротирачка шапка со тоалет за итни случаи
Очајните времиња бараат очајни мерки – особено кога сте болни. Станува збор за јапонски изум.
8. Четка за грбот
Само погледнете во „ретровизорот“ и ќе видите каде да поминете со четката. Овој изум е од 1947 година.
9. Држач за бебиња
Оваа направа била измислена во 1930-тите за мајките кои сакале да имаат слободно време, а немале доволно пари за дадилка.
10. Хабард електрометар
Познатиот Л.Рон Хабард, основач на Црквата на Саентологијата, го измислил Хабард електрометрот во 1968 година за да открие дали доматите можат да почувствуваат болка. Неговиот заклучок бил дека доматите „врескаат кога ќе се исечат“.
11. Маска за пливање за целото лице
Оваа маска од 1925 година изгледа „удобна“.
12. Маска за покер
Ова било решението да не им се видат изразите на луѓето за време на партија покер во 1932 година.
13. Четка за полирање на ќелави глави
Оваа четка била прилагодена за луѓето кои се ќелави, така што имала и четка за косата, која што ја имале и посебен дел за „полирање“. Изумот е од 1950 година.
14. Проѕирен брод
Овој брод бил дизајниран за да можат луѓето да видат што има во водата.
15. Радио-шапка
Оваа шапка со вградено радио била измислена во 1931 година.
16. Гради со срце
Овие вештачки гради измислени во Јапонија измислени во 1960-тите, имале вградено отчукување на срцето за да можат да се смират расплаканите деца.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.