Во минатото со светот владееле суштества кои биле многу поголеми од нас, вистински праисториски џинови. Но, дури и денес природата може да не изненади со нејзините џиновски креации. Секој би се чувствувал многу мал во споредба со овие „џинови“.

15. Џиновска Секвоја

Секвоја дрвјата се најголемите живи суштества на оваа планета (по обем). Тие можат да пораснат до 83 метри во височина и да имаат 8 метри во дијаметар.

14. Амфикоелиас

Амфикоелиас е најголемото животно што некогаш живеело на Земјата. Овие диносауруси „вегетаријанци“ живееле пред 145-161 милиони години. Тие можеле да достигнат должина од 58 метри, а еден пршлен од ова животно бил долг 2,5 метри.

13. Титанобоа

Титанобоа е близок роднина на боа, но многу поголем. Титанобоа живеела пред 58-61 милиони години и можела да достигне должина од 13 метри. Мрежестиот питон кој живее на нашата планета денес може да порасне до 7,5 метри.

12. Џекфрут

Џекфрут е најголемиот овошен плод во светот. Тоа може да достигне 90 cm во должина и 50 cm во дијаметар.

11. Аргентавис

Птицата Аргентавис живеела пред 5-8 милиони години. Таа е една од најголемите птици во историјата на Земјата. Распонот на нејзините крилја можел да достигне околу 7 метри, а се хранела со глодари.

10. Рајската пештера

Една од пештерите во Националниот парк Phong Nha-Kẻ Bang во Виетнам беше прогласена за најголема и најубава пештера во светот. Најголемата е долга повеќе од 5 километри, висока 200 метри и широка 150 метри.

9. Рафлесија

Рафлесија е најголемиот цвет на Земјата. Може да достигне над 100 сантиметри во дијаметар. Цветот е исто така познат по својот мирис на скапано месо.

8. Џиновски елен

Ирскиот елен, или џиновски елен, се појавив пред околу 2 милиони години. Кога шумите почнале да се шират на отворени простори џиновскиот елен изумрел, затоа што поради големите рогови (широки 5 метри), не можел да се движи низ густите гранки.

7. Џиновски габи

Armillaria ostoyae (колективно наречени Џиновски габи) е еден од најголемите живи организми на Земјата. Таа опфаќа 8,4 квадратни километри во Националната шума Малхур во Орегон и најчесто е скриена под земја.

6. Меростоми

Меростоми се најголемите познати членконоги. Тие можеле да пораснат до 2,5 метри и тие живееле пред 248-510 милиони години.

5. Големиот корален гребен

Големиот корален гребен е најголемата единствена структура на светот направена од живи организми. Се наоѓа во Коралното Море, се протега над 2.300 километри на површина од околу 344.400 километри квадратни.

4. Краткомуцеста џиновска мечка

Кога Краткомуцестата мечка ќе се исправела на нозете можела да достигне висина од 4,5 метри. Со своите моќни вилици таа била еден од најголемите месојади кои живееле на Земјата за време на леденото доба. Овие мечки изумреле пред 14.000 години.

3. Гигантопитекус

Гигантопитекусот бил најголемиот мајмун на сите времиња, и живеел пред околу 1 милион години. Тешко е да се направат некои заклучоци врз основа на ретките остатоци. Сепак, научниците веруваат дека гигантопитекусот бил висок 4 метри, тежел 550 килограми и најмногу јадел бамбус.

2. Кецалкоатл

Кецалкоатл живеел пред 66-68 милиони години. тој бил најголемиот птеросаур и најголемото животно кое што летало во историјата на Земјата. Распонот на крилата изнесувал 12-15 метри и се хранел со мртви животни и мали ‘рбетници.

1. Син кит

Синиот кит е најголемото животно што денес живее на Земјата и е исто така најголемо животно во историјата на Земјата. Тој достигнува 33 метри во должина и 150 тони во тежина. До 1960-тите, сините китови биле скоро сите убиени, а останале само 5.000 животни. Денес нема повеќе од 10.000 сини китови и вистинска среќа е да се види таков кит во водите.

Сподели на Facebook
пати видено