Уличните крадци немаат само брза рака, тие се и прилично интелигентни и одлични психолози. Дури понекогаш толку се усовршиле во оваа „специјалност“ што многу научници бараат од нив да учествуваат во социјални истражувања. Овие трикови се базирани врз истражување спроведено од Дојче Веле.
Класично туркање на улица
Еден џепчија „случајно“ поминува покрај жртвата и го зема паричникот од чантата и џебот. Понекогаш во оваа „игра“ учествуваат двајца крадци кои почнуваат да се расправаат во јавност за да го одвлечат вниманието на луѓето.
Трик со слушалки
Луѓето кои носат слушалки се лесна цел бидејќи тие веќе го изгубиле фокусот за околината затоа што се сконцентрирани на музиката. За крадците најлесно е да им го украдат мобилниот телефон, затоа што луѓето првин би ги провериле служалките а потоа телефонот, а дотогаш крадецот ќе замине во непзонат правец.
Храбри трикови во метро, автобус и сл.
Доколку сте меѓу последните кои се качиле во метрото потребно е цврсто да ја држите чантата и личните работи до Вас, затоа што постојат џепчии кои поминуваат пред вратата токму пред да се затвори и земаат се што ќе им дојде при рака.
Исто така доколку некој ви се доближува или ве турка никогаш не му го вртете грбот. Крадецот можеби ќе изгледа сосема невино или пак ќе гледа во неговиот телефон, но не се сомневајте дека и таква личност може да Ве ограби.
Трикови во ресторан
Ако го ставите Вашето палто на столот тогаш исто како да ги молите крадците да Ве ограбат. Сè што треба да направат е да ви го одвлечат вниманието. На пример, може да има тепачка на соседната маса и додека вие гледате таму нивниот соучесник ќе ги собере паричниците на луѓето наоколу.
Ако го оставите палтото во соблекувална без надзор во ресторанот можете да бидете ограбени од личноста која го закачила палтото веднаш до Вашето. Тој ќе се преправа дека бара нешто во палтото и дискретно ќе извади се што може од Вашето.
Ако забележите група на луѓе која пристигнала во ресторанот одеднаш (заедно) а потоа сите седнале посебно и почнале да гледаат во нивните телефони или да разговараат преку телефон бидете сигурни дека тие се тука за да ограбат некого.
Трик со мапа
Некои крадци се преправаат дека се туристи. Тие шетаат со мапата и Ве прашуваат за одреден правец, а додека Вие се обидувате искрено да им помогнете тие дискретно ќе го отстранат Вашиот паричник од чантата или џебот. Ваквите улични крадци најдобро ќе ги забележите ако упорно инсистираат и Ви ја приближуваат мапата до лицето.
Метод на истурање
Овој трик најчесто с еизведува во близина на банкомати. Џепчија истура пијалок или сладолед врз жртвата и љубезно се извинува и се обидува да ја исчисти жртвата, а притоа го „чисти“ и нивниот паричник.
Сиромашни деца
Деца во мали групи влегуваат во ресторан и бараат ситно за храна. Туристите им се сожалуваат и додека тие бараат ситно да му подадат на едно од децата останатите „мали бизнисмени“ го ограбуваат човекот.
Цвет
Никогаш не купувајте цвет од бездомник или пак да го примите како подарок. Најчесто тие по овој гест сакаат да Ве прегрнат и така ги празнат Вашите џебови.
Донација
Доколку видете некоја личност како собира потписи за петиција за одредена донација на средства, внимавајте. Тоа може да не е воопшто во добротворни цели. Додека Вие потпишувате нивниот пријател може да Ви го земе паричникот.
Пијани и ранливи
Крадците најмногу од се сакаат да ги ограбуваат пијаните луѓе во барови и клубови. Кога ќе забележат пријателски расположена пијана личност ќе почнат разговор со неа, или пак одреден предизвик на пример „можам да се обложам дека ќе можам да те кренам и да останам така 10 секунди“ а во тој период најчесто исчезнува Вашиот паричник и Вашите пари.
„Помошници“
Ова најчесто им се случува на постарите луѓе кога некои „добри“ млади деца ќе се понудат да им ги носат торбите до нивниот дом или пак да ја поминат улицата.
Трик во продавница
Додека сте во продавница никогаш не ја оставајте чантата или паричникот во количката за пазарење. Затоа што некоја личност може да Ве замоли да пронајдете некој производ или пак да има изговор дека не може да го дофати, а додека Вие се обидувате да помогнете, нивниот помошник ќе го земе паричникот од Вашата чанта, а Вие тоа најверојатно ќе го токриете кога ќе стигнете до касата.