Доналд Трамп веќе е претседател на САД. Неговата животна приказна е доста живописна. Како успеа овој генијален кариерист да натрупа милиони и да преживее и по пет банкротирања? Ви предлагаме да обрнете внимание на 15 кариерни совети кои сегашниот претседател на САД ги дава целосно бесплатно. Тие го изразуваат правилниот приод кон градењето успешна кариера:
1. „Би кажал дека образованието е моќен адут. Може да го пренебрегнете и можам да набројам многу луѓе коишто успеале во животот без образование. Но, кога имате универзитетска диплома, тоа е визитна картичка на која е напишано: Овој човек постигнал нешто. Таа веќе отворила многу врати за вас.“
2. „Никогаш не земајте одмор. Што ќе ви е? Ако работата не ви прави задоволство, тоа значи дека не работите каде што треба. Јас дури и играјќи голф продолжувам да работам.“
3. „Прво секогаш треба да си поверувате на инстинктот, независно од тоа колку привлечно изгледа проектот на хартија. Второ, секогаш треба да се занимавате со нешто што го разбирате. Трето, понекогаш најисплатлива инвестиција е таа која не сте ја направиле.“
4. „Едно од основните правила на големата игра – умеењето да се сосредоточиш. Тоа е способност блиска до контролираното преоптоварување на умствените и емоционалните способности; тоа е состојба речиси на границата на невроза. Но, имено тоа својство јас често го забележувам кај најголемите успешни претприемачи. Сите тие се движени од претприемачка треска. Тие се фокусирани, предани на своето дело, речиси манијакални и сета нивна психичка енергија е сосредоточена врз нивната работа, таа им е животно дело. Обичниот човек се парализира од таа невротична состојба, таа го лишува од способноста да дејствува. Но, луѓето за кои зборувам ова ги полни со енергија и ги придвижува.“
5. „Никогаш не покажувајте страв; цврсто стојте на своето, зрачете со увереност и ниту чекор назад.“
6. „Јас сум ревносен поклоник на чистотата и сметам дека тоа е исплатливо вложување пари. Ако вие на пример сакате да ја продадете вашата кола и не жалите да потрошите 5 долари да ја измиете и исчистите, тоа може да ви помогне да ја продадете 5 пати поскапо. Добриот изглед секогаш помага да ставите некој долар повеќе во џебот.“
7. „Единствениот начин да се збогатите – е преку реалистичност и чесност. Треба да се разделите со светот на илузиите кој суштествува само во списанијата и на телевизиските екрани. Не е сѐ толку лесно како што ве убедуваат. Животот е жесток и луѓето добиваат многу сериозни трауми. Поради тоа, ако сакате да се здобиете, треба да бидете цврсти како камен и подготвени да го постигнете своето со лакти и тупаници.“
8. „Легнувам во еден часот по полноќ, а во пет часот наутро се будам и почнувам да ги читам новите весници. Немам потреба од подолг одмор, ова ми обезбедува конкурентна предност.“
9. „Стани тој кој знае да решава сложени проблеми – и ќе станеш тој на кого луѓето ќе плаќаат повеќе пари.“
10. „Важно е не колку време сте минале на работното место, туку колку работа сте завршиле за тоа време.“
11. „За да ги постигнете поставените цели, неопходни се трпение и ентузијацам. Мислете глобално – но бидете реалисти. За да постигнам некои свои цели, сум чекал цели 30 години. Погледнете го медиумскиот магнат Руперт Мурдок, колку години тој чекаше да го купи „Волстрит Журнал“. Тој целиот свој живот сакал да го купи тоа издание – и знаел дека порано или подоцна и ќе го стори тоа. Руперт – вистински гениј.“
12. „Никогаш не сум сакал за мене да работи човек кој не сака тоа да го работи; и вие треба да правите така. Не останувајте на место кое не ви се допаѓа. Животот е премногу краток, а работата е доста важна за да расфрлате сили во дела кои не ви носат ниту задоволство, ниту полза.“
13. „Секогаш поставете едно просто правило: треба да се облекувате како за таа работа која сакате да ја имате, а не за таа која ја имате.“
14. „Ако сакате да успеете во животот, треба да сте способни да издржите притисок. Тргувате ли со имоти, организирате ли сопствен бизнис, се искачувате ли по скалата на кариерата – секогаш ќе бдете под постојан притисок.“
15. „Што се однесува до кариерата, определени чекори треба да се преземаат само имајќи предвид некои стари и многу мудри правила: Прво – изберете го правилниот момент. На пример, ако сакате зголемување, погледнете наоколу. Така на својот претпоставен ќе му ја покажете вашата способност да ги разбирате и проценувате оние потешкотии со кои тој мора да се справува. Иницијативата, како и шегата, се добри во точниот момент.“
И на крај, бонус совет, кој можеби нема многу да ви помогне, но со сигурност ќе ве развесели.
„Има многу начини за градење кариера, но највистинскиот од нив е – да се родиш во вистинското семејство.“