На секого му се има случено да ја зголеми телесната тежина повеќе или помалку, но на некој начин тоа никогаш не би го очекувале од вашите омилени славни личности. На крајот на краиштата, тие на располагање имаат армија лични тренери и нутриционисти, зар не? Овие славни фаци нафрлиле вишок килограми поради бременост, улогата која ја играле или поради тоа што малку излегле од колосек. Некои успеале да се вратат во форма… некои не.
Џаред Лето
Лето се натерал себеси да ја зголеми својата телесна тежина поради неговата улога во „Поглавје 27“. Наглата промена на тежината му предизвикала остри болки во стабалото и му требало повеќе од година да се врати на себеси. Џаред изјавил дека никогаш повеќе нема да се здебели.
2. Хејли Џоел Осмент
Хејли Џоел Осмент ги освои срцата ширум светот со неговата неповторлива изведба во „Шесто сетило“, но денес дваесет и шестгодишниот Џоел е непрепознатлив после неговите подготовки за улогата на нацист во новиот филм „Yoga Hoosiers“.
3. Вал Килмер
Вал Килмер со сигурност освоил многу срца со неговите улоги на Бетмен и Џим Морисон, но во последно време воопшто не наликува на себеси од млади години, бидејќи неговите добро обликувани мускули сега се прекриени со сало.
4. Стивен Сигал
Саканиот убавец на акционите филмови дефинитивно се заоблил во последните години, но сѐ уште изгледа како човек со кого не треба да се задевате. Додека порано изгледаше како некој кој може да ве среди, сега изгледа како човек кој може да ви испрати некого да ве среди.
5. Кристи Али
Малкумина славни успеале да ја прифатат својата зголемена телесна тежина како нешто нормално, па дури и да ја искористат во своја полза како што тоа го направи Кристи Али. Наместо да падне во депресија или да се обиде да се бори со килограмите, таа создаде ТВ шоу за тоа како изгледа да си Дебела актерка. Шоуто не траеше долго, но Кристи сѐ уште се бори против тие кои се обидуваат да ја исмејуваат.
6. Кили Шеј Смит
Оваа ТВ водителка и новинарка можеби повеќе нема фигура на молив како порано, но сѐ уште има голем човек крај неа. Кили е сѐ уште во брак со Пирс Броснан и имаат две деца.
7. Мараја Кери
За Мараја Кери зголемувањето и губењето на килограми воопшто не е нешто ново. За време на нејзината бременост, поп ѕвездата накачи триесеттина килограми. Успеа да ја намали телесната тежина со строга диета и многу вежбање.
8. Мајк Тајсон
Поранешниот шампион во тешка категорија и гризач на уши во последно време не може да се пофали со здравата спортска фигура како некогаш. Но сепак почна да ги намалува килограмите преку здрава исхрана.
9. Кристијан Бејл
Ако има нешто кое може да се каже за Бејл е дека никој не може да се споредува со него во посветеноста на неговата нова улога. За „Машинист“ се претвори буквално во скелет, за „Бетмен“ се набилда, а за „Американски метеж“ се здебели за 18 килограми. Малку се тие кои за потребите на улогата можат да се движат во овие крајности.
10. Роб Мекелхени
Еве уште еден пример за актер кој е подготвен на крајни трансформации за потребите на новата улога. Роб нафрлил 22 килограми за неговата улога во „Во Филаделфија секогаш е сончево“, внесувајќи по 51 000 калории дневно, а тоа го сторил бидејќи мислел дека така неговиот лик ќе изгледа посмешен.
11. Расел Кроу
Од атлетски градениот Гладијатор, Расел ја ја зголемил својата телесна тежина за цели 28 килограми потготвувајќи се за улогата во филмот „Мрежа од лаги“. По завршувањето на филмот, набргу успеал да се врати во форма преку здрава исхрана и редовно вежбање.
12. Кери Фишер
Кери со години е мечта за момчињата и мажите, но кога актерката излезе од центарот на внимание, изгледа потпаднала под некои лоши навики на исхрана. Нејзината зголемена телесна тежина ѝ предизвикала извесни проблеми за нејзината улога во „Војна на ѕвездите“, поради што актерката набрзина успеала да изгуби 18 килограми за да биде принцезата Леја.
13. Џесика Симпсон
Малку славни личности претрпеле таква критика поради својата телесна тежина како Џесика Симпсон. Пејачката се здебелила за време на нејзината бременост, но за разлика од другите лица на славата, тежината кај неа не сакала веднаш да си замине. После многу труд, успеала да ослабне, но не пред да се појават неколку слики во медиумите во кои ја нарекле „дебела“.
14. Кристина Агилера
Кристина е уште една славна мама која после бременоста морала да се справува со вишокот килограми. Нејзината заоблена фигура не останала незабележана и Кристина се борела да ослабне, за на крај да реши да се прифати таква каква што е.
15. Брендан Фрејзер
Некогашниот холивудски убавец се здебелил после неговиот развод, а за тоа дополнително го мотивирала улогата во филмот „Смешна одмазда“. Но, на овој актер му било малку потешко да се ослободи од вишокот килограми и да се врати во форма, како и да се врати во центарот на вниманието.