Тешко е да се зборува за проблемите, но понекогаш може да помогне кога некој ќе го пробиле ледот. И покрај тоа што во светот често се јавуваат ментални болести, ова е тема со којашто многумина тешко се соочуваат. Овие славни личности јавно признале дека имаат проблеми со менталното здрајве, побарале помош и на тие кои страдаат од слични проблеми им порачуваат да побараат третман. Дали сте изненандени од некое од овие откритија?
1. Елен Деџенерис, депресија
Ми се случуваше сѐ од што стравував. Го изгубив своето шоу. Бев пеколно напаѓана. Од заработување многу пари на ситком спаднав на тоа воопшто да не заработувам пари. Кога по пет години напорна работа излегов од студиото, знаејќи дека кон мене се однесуваа без почит од ниедна друга причина освен тоа што бев геј, едноставно паднав во длабока, длабока депресија.
2. Леонардо ди Каприо, опсесивно-компулсивно растројство
Леонардо се борел со опсесивно-компулсивното растросјтво уште како дете. Снимањето на „Авијатичарот“ го разбудила нарушувањето. „Се сеќавам дека мојот шминкер и асистентот ме следеа до сцената и си велеа: `О Боже, ќе ни требаат десет минути да го одведеме бидејќи пак ќе се врати и ќе стапне на тоа, ќе ја допре вратата и пак сѐ од почеток.` Тоа навистина ме излудуваше поголемиот дел од времето. И траеше неколку месеци по снимањето и сѐ уште трае.“
3. Хајден Панетиер, постпородилна депресија
Има многу недоумици – има многу луѓе кои мислат дека тоа не е вистински проблем, дека тоа не е вистина и е нешто што нашите умови си го замислуваат, дека се само „некои таму хормони“ и го отпишуваат. Тоа е нешто што воопшто не може да се контролира. Навистина е болно и навистина страшно, и на жените им треба многу поддршка.
4. Џ.К. Роулинг, депресија
Никогаш ни најмалку не се срамев од тоа што сум депримирана. Никогаш. Што има да се срамам? Минав низ навистина тежок период и сум навистина горда што излегов од тоа.
5. Џаред Падалеки, депресија
Ме удри како вреќа со тули. Мислам, имав 25 години. Си имав свое ТВ шоу. Имав кучиња кои ги сакав и имав едно чудо пријатели, ме обожуваа фановите и јас бев среќен со својата работа, но не можев да откријам што е тоа; во мојот случај тоа не секогаш имаше смисол. Луѓето кои не можат да најдат работа или не можат да се вклопат во општеството не се единствените кои понекогаш се борат со депресија.
6. Елтон Џон, булимија
Штом кажав „ми треба помош“, знаев дека ќе ми биде подобро и бев решен да ми биде подобро. Но едноставно беше олеснително да се каже тоа.
7. Деми Ловато, биполарно растројство
Се сеќавам како седев со мојот менаџер и моето семејство и разговарав со нив за тоа дали да прозборам за проблемите со кои се справував или не. Знаев дека имам две можности: или да не зборувам за мојот престој во центарот за рехабилитација и да се надевам дека ќе се заборави за тоа, или можев да проговорам за тоа и да инспирирам и други луѓе да побараат помош за своите проблеми, и токму тоа го сторив.
8. Бред Пит, депресија
Порано страдав од депресија, но не сега, не оваа последна деценија. Но и тоа е дел од откривањето кој си. На тоа гледам како на голема школа, како на година на училиште или како на семестар: „Овој семестар полагам депресија“. Тоа го правев секоја ноќ и на тој начин заспивав, истата рутина. Не можев да дочекам да стигнам дома и да се скријам.
9. Џим Кери, депресија
Долго време бев на Прозак. Можеби малку ми помогна да излезам од збрката, но луѓе засекогаш остануваат зависни од тоа. Во еден миг морав да се откачам од него бидејќи сфатив дека, знаете, сега едноставно сѐ е ОК.
10. Кери Фишер, биполарно растројство
Некогаш не сакате да сте таа личност. Не сакате да држите заложници за време на забавата. А јас немав избор. Држев луѓе на телефон и до осум часа. Кога мојата манија ќе се подзасили, тоа ви е како патека без препреки. Знаете, се искачувам на планина, но одам пребрзо и престанувам да бидам способна да се побрзам. Моите реченици губат смисол. Веќе не водам сметка и не можам да спијам и не можете да се потпрете на мене.
11. Адам Левин, хиперкинетичко растројство
Кога ми беше дијагностицирано хиперкинетичко растројство, тоа не беше изненадување, бидејќи во средно имав проблеми да се фокусирам. А сега си мислам, луѓето секојдневно го забележуваат моето кинетичко растројство како возрасен. Кога не можам да внимавам, навистина не можам да внимавам.
12. Анџелина Џоли, депресија
Чувстував дека влегувам на многу темно место и наутро не бев способна да станам, па така се зафаќав со нешто што ќе ме присили да бидам активна.
13. Џон Хам, депресија
Искрено? Антидепресантите помагаат! Можат да ви ја променат хемијата во мозокот доволно да си помислите: „Сакам да станам наутро; Не сакам да спијам до попладне. Сакам да станам и да си бркам работа…Ресетирај го автометарот, запали ја машината!“
14. Гвинет Полтроу, постпородилна депресија
Беше ужасно, тоа беше чиста спротивност од тоа што се случи кога се роди Ејпл. Со неа бев на деветтиот месец. Не верував дека не е истото. Едноставно си мислев дека сум ужасна мајка и ужасна личност.
15. Дејвид Бекам, опсесивно-компулсивно растројство
Ќе влезам во хотелска соба. Пред да се опуштам, морам да ги соберам сите флаери и сите книги и да ги ставам во фиока. Сѐ мора да биде совршено.