Секој сака добра стара урбана легенда. Луѓето сакаат добро да се исплашат, а урбаните легенди изгледаат навистина реални. Тоа не приказни за вампири или за зомби, туку приказни за нешто што реално можело да се случи и токму тоа е тоа што ги прави страшни. Набројуваме некои од највознемирувачките приказни во целиот свет.

1. Крвава Мери

ur01

Една од најголемите класики; според легендата ако три пати кажете „Крвава Мери“ пред огледало, таа ќе се појави зад вас, сета облеана во крв, и наскоро ќе ѝ се придружите во задгробниот живот.

2. Човекот со кука

ur02

Оваа приказна раскажува за човек со кука на раката кој се прикрадува на задноото седиште во автомобилите додека тинејдерите водат љубов.

3. Повикот доаѓа внатре од куќата

ur03

На девојка постојано ѝ се јавува некој на телефон и кога таа ја контактира полиицијата за да го лоцираат местото од каде доаѓаат застрашувачките повици, тие откриваат дека доаѓаат од самата куќа во која таа се наоѓа.

4. Кловновската статуа

ur04

Според оваа урбана приказна, бејбиситерка по телефон ги прашува родителите на децата дали може да ја покрие статуата на кловн бидејќи е морничава, тие ѝ одговараат да ги земе децата и да бегаат бидејќи тие немаат статуа на кловн во куќата.

5. Не е кучето тоа што те лиже

ur05

Ако сакате да ве полазат трпки, замислете си вакво сценарио; се наоѓате во темна соба и нешто почнува да ви ги лиже нозете и вие претпоставувате дека тоа е ваето куче, за набргу да дознаете дека вашето куче не се наоѓа во собата.

6. Доберманот со нешто во грлото

ur06

Според оваа приказна, сопствениците доаѓаат дома после кратко отсуство и забележуваат дека нивниот доберман се дави од нешто. Го носат на ветеринар и после некое време кога пак се враќаат во куќата, добиваат повик во кој ветеринарот вознемирено им вели да бегаат од куќата бидејќи тоа што на кучето му застанало в грло е човечки прст.

7. Тело под креветот

ur07

Има ли нешто поужасно од тоа да проверите под вашиот кревет и да откриете дека под него има мртво тело. Особено ако тоа навистина се случило неколку пати во некои хотели.

8. Исчезнатата невеста

ur08

Според оваа легенда, млад брачен пар си играл криенка. Невестата се прикрала на таванот и се скрила во стар ковчег. Никој не можел да ја најде и после години го откриле нејзиното тело во ковчегот чијшто капак се заклучил по затворањето.

9. Има некој на задното седиште

ur09

Има неколку варијации на оваа приказна, но најчестата оди вака: жена застанува на бензинска станица и службеникот ја вади од памет обидувајќи се да ѝ влезе во автомобилот – за на крајот да сфати дека е доцна бидејќи тој се обидувал да ја спаси од манијакот со нож кој се прикрал на нејзиното задно седиште.

10. Кармен Винстед

ur10

Според оваа приказна, соучениците зафркавајќи ја, ја турнале Кармен во канализација и таа починала од повредите, и подоцна се вратила да им се одмазди.

11. Обесеното момче

ur11

Оваа приказна раскажува како млад љубовен пар се во автомобил паркиран на некое мрачно место. Момчето излегува на кратко и по некое време девојката почнува да слуша чудни звуци од покривот на автомобилот. Излегува и го здогледува во ужас телото на момчето обесено на дрво над автомобилот, а тоа што ги правело ужасните звуци биле неговите нозе кои удирале во покривот.

12, Исчезнатата автостоперка

ur12

Замислете си, се возите доцна ноќе и запирате да соберете некоја автостоперка. Разговарате со неа цел пат, но кога пристигнувате до нејзината куќа, се вртите и гледате дека неа ја нема на задното седиште. Тропнувате на врата и ви кажуваат дека таа погинала пред неколку години во сообраќајна несреќа на истото место од кајшто сте ја собрале.

13. Зар не ти е мило што не го запали светлото?

ur13

Студентка се враќа доцна во ноќта од забава и решава да не го пали светлото за да не ја вознемирува цимерката. Наутро се буди и гледа дека цимерката ѝ е брутално убиена, а на огледалото со крв е напишано „Зар не ти е мило што не го запали светлото?“

14. Ханако-Сан

ur14

Замислете си, седите на тоалетната и од под вас се појавува дух. Тоа е основниот мотив во јапонската легенда за Ханако-Сан, која раскажува за дух на девојче кое на овој начин ги измачува луѓето.

15. Слабиот човек

ur15

Овој мит стана популарен особено во последните години, откако се појави видео игра со високо и слабо сениште кое убива деца откако тие ќе заскитаат длабоко во шумата.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено