Замислете да излезете во двор полн со диви цвеќиња или пак од вашиот трем директно да скокнете во морето, езерото или реката. Звучи како приказна од бајките, но за некои луѓе ова е реалност. Ова е најголемата предност на подвижните домови, кои не мора секогаш да бидат прескапи.
Голем број на луѓе прават удобно катче за патување и живот од стари автобуси и комбиња. Сѐ е можно доколку не се плашите од авантури. Погледнете ги овие неверојатни дизајни кои ќе ве натераат наскоро да тргнете на пат со вакво нешто.