Минатата недела заврши Светското првенство.
Турнирот обедини многу луѓе со различни приказни – чудни, тажни, добронамерни. Третите ни кажуваат дека има голема љубезност, чуда се случуваат, а понекогаш добро е да ни се случи нешто невообичаено.
Вонредниот професор од Саранск им обезбедил преноќиште на градоначалникот од Колумбија и неговата сопруга, откако направиле погрешна резервација во хотел.
Мајката на новинарот Рама Пантарот направила амајлија за среќа на Лионел Меси и тој му го дал подарокот. По натпреварот помеѓу Аргентина и Нигерија, Рама го прашал Лајонел каде е амајлијата, а тој покажал дека ја носи на левата нога.
Играчите на репрезентацијата на Јапонија по изгубениот меч со Белгија ја исчистиле соблекувалната и оставиле белешка за благодарност на руски јазик.
И јапонските навивачи ги исчистиле стадионите зад нив. Нивниот пример ги инспирирал навивачите од другите земји. На фотографијата е плоштад во близина на големиот екран во Новосибирск по натпреварот. Руските навивачи, исто така со собрале ѓубрето.
Хрватските навивачи им се заблагодарија на Русија со огромен постер, кој потоа беше донесен на натпреварите на нивниот национален тим.
„Пред 7 години јас и мојата сопруга минувавме нив важен и болен момент. Мојот син беше на прагот на смртта, веднаш откако се роди. Тогаш и кажав на сопругата ‘нека ми го спасат синот и ќе одам со него на Светското првенство’ И еве сонот се исполни.“
Том има 5 години, го сака фудбалот и има тумор на мозокот. По завршувањето на првата шестнеделенна терапија со зрачење, Том доби копија од пехарот на Светското првенство за храброста.
Пар од Ростов на Дон тажно гледал во толпата која влегувала на стадионот и во тој момент навивачи од Бразил им пристапиле и им подариле 2 карти на нивни пријатели кои не успеале да дојдат со нив.
На секој натпревар, хрватскиот голман Даниел Субашиќ ја облекува својата втора маица – со портрет на починатиот пријател, благодарение на кого сега игра на Светското првенство. И ја посветува секоја победа на него.
Повеќе од 25 години баба ми ја носеше оваа маица за прославата на Денот на независноста на САД. Благодарение на Светското првенство сфативме: всушност, на маицата е прикажано знамето на Панама.
Овој човек дошол во Русија од Аргентина на велосипед.
На 23 јуни германската и шведската национална екипа играа во Сочи, а Димитриј Таранцев имал сообраќајна несреќа на мотор. Тој имал среќа што во тој момент застанало такси во кое бил германскиот лекар Кевин Мејер, кој се упатил на натпреварот. Кевин направил масажа на срцето на Димитриј и му го спасил животот.
Главниот спонзор на мексиканската репрезентација испрати подарок до Амбасадата на Јужна Кореја во Вашингтон.
Навивачите го гледаат натпреварот Русија-Египет преку проектор.
Фудбалот обединува, не разделува.